Желбата на секој родител е детето да му е здраво. Никој не сака да си го види детето болно или во болница. Но, постојат неизбежни моменти кога болничките посети се задолжителни, а многу деца се чувствуваат непријатно околу работите што ги гледаат во болничката соба. Меѓу нив е и кесата со крв или инфузиите.

Едно американско девојче го надминало стравот од кесите со интересно решение: над нив го ставило омиленото мече. Оваа иновација ја нарекла Меди Теди, а станува збор за кадифено мече што може да ја скрие предната страна на инфузиите и кесите за крв.

12-годишната Ела Касано, на која уште на седумгодишна возраст ѝ била дијагностицирана идиопатска тромбоцитопенична пурпура (ITP) (болест која ги уништува тромбоцитите и го зголемува ризикот од повреда и крвавење), голем дел од времето го поминала во болница затоа што морала да добива инфузии со крв.

 

Фото: Мedi Teddy

– Кога првпат примив инфузија, бев изненадена и малку исплашена од изгледот на цевките и медицинската опрема. Кога видов дека сè повеќе и повеќе деца имаат слично искуство, ми дојде идеја да создадам попријателско искуство. Така го создадов Меди Теди – пишува Ела на веб-страницата на Меди Теди.

Креативноста на девојчето го изненади болничкиот персонал. Тие биле импресионирани од идејата и ја мотивирале нејзината мајка да создаде повеќе мечиња.

Благодарение на донации од стотици луѓе преку „Гоуфандми“, Ела и нејзината мајка ја добиле потребната сума за да направат повеќе мечиња и да им ги донираат на деца на кои им се потребни.

– Ова е фотографијата од оригиналниот цртеж од нашето прво Меди Теди. Ѝ опишав на мајка ми како сакав да изгледа и таа го нацрта. Потоа го испративме до нашиот производител, кој го направи првиот прототип врз основа на сликата. Секако, елементите на дизајнот се променија оттогаш, но забавно е да се види од каде почнавме – пишува Ела.



912

X