Родителите на 11-месечно девојчето од Кина по име Ван Јуџи случајно пронашле опрема за скијање за бебиња.
Така ја откриле големата страст и талент што се криеле во нивната единаесетмесечна ќерка.
Таа пробала сноуборд во одморалиштето, а потоа покажала како доминира на снегот.
Сите се воодушевени од нејзините вештини и се изненадени од нејзината храброст.
Малечката Ван не плаче ни кога ќе падне од соубордот. Дури и инструкторката ангажирана од нејзините родители потврдила дека таа е нејзиниот најмлад ученик.
Секако, девојчето е опремено со сета потребна заштитна опрема и скија само на сигурни делови од патеката.