Вашите малечки и паметни ќерки се посебни и сигурно уживате во нивното друштво. Меѓутоа, тие малечки, неретко, повеќе од момчињата, знаат да го добијат тоа што го сакаат.

1. Сакаат розова боја и принцези

Иако можеби сте вложиле многу труд да ја научите за родова еднаквост, сте ѝ купувале неутрални играчки, немојте да се изненадите ако таа развие страст кон принцезите, барбиките и розовата боја. Колку и да се борите со стереотипите, општеството во комбинација со маркетингот ќе има силно влијание врз нејзиното растење.

2. Многу рано ќе ги позајмува вашите чевли и накит

Вашата принцеза ќе биде преслатка преправајќи се дека излегува во вашите новогодишни чевли. Уживајте во тие моменти бидејќи наскоро навистина ќе сака да ги позајми.

3. Можеби ќе бидете малку љубоморни на татината ќерка

Иако можеби љубомората не е ваш стил, ќе се изненадите кога ќе ја почувствувате, кога ќе сфатите дека не сте единственото женско во животот на вашиот партнер. Ќе ги цените неговите игри, приказни и длабока поврзаност, но понекогаш нема да ви биде пријатно што ќе бидете изоставени. И првиот пат кога вашата ќерка ќе го побара татко ѝ за да се потпре на него, кога е тажна или повредена, тоа ќе биде малку болно сознание за вас. Но, запомнете дека нејзиното срце е преполно со љубов за сите. Вие, исто така, имате време и активности кои ги делите со неа, кои најверојатно ќе бидат мистериозни за таткото.

4. Девојчињата созреваат порано од момчињата

Вашата ќерка можеби веќе трча, додека синот на вашата пријателка на иста возраст уште ползи. Превртување, тапкање, смеење, бакнежи, навикнување, читање. Не изненадувајте се ако сето тоа таа го совлада пред момчињата на нејзина возраст.

5. Навикнете се на правење драма

Пред да добиете ќерка, сигурно мислите дека е неверојатно некој да се возбудува толку што не успева да ги најде своите влечки, што фризурата не е ѝ е таква каква што ја замислила, или затоа што изела парче леб за ручек. Но, таа навистина ги сака своите влечки! На крајот, таа ќе се опушти, но во меѓувреме дишете длабоко.

6. Подгответе се на фази

„Јас носам само фустанчиња“ – некаде околу третата година таа веќе ќе има желби поврзани за облекувањето, а тоа можеби нема да има врска со тоа дали облеката е чиста или соодветна. И само што сте се навикнале на нејзината гардероба и барања, нејзините желби ќе се променат. Можеби ќе сака да носи превртена облека, поголема маица. Колку побрзо ќе сфатите дека сето тоа не е е важно, толку полесно ќе биде облекувањето.

7. Таа ќе собира и ќе чува сè

Гуми, шноли, ливчиња од цвеќе, капи, шишиња, кутии… сè што може да се стави во џебови ќе го понесе со себе. Навикнете се дека ќе ги пронаоѓате овие работи насекаде низ домот.

8. Ќе се расправате околу нејзината коса

Она што вам ви се допаѓа, за неа можеби не доаѓа предвид. Да, таа баш сега мора да ја измие косата. Не, таа не излегува таква од дома. Да, баш сега морате да ѝ ја виткате косата бидејќи не знае самата, само уште овој пат. Расправиите околу косата ќе потраат онолку колку што вие ќе дозволите. Со време таа ќе сфати дека чистата и исчешлана коса сепак е најдобра опција.

9. Таа ќе биде мерило за убавина

Никогаш тоа не би го признале наглас, но вие мислите дека таа е најубавото суштество што некогаш било родено. Можеби ќе ви биде жал за нејзините пријателки, чии убави лица не може да се мерат со нејзиното. Нормално е вака да се чувствувате, но не заборавајте да ѝ кажете и колку е паметна.

10. Знае како да го добие тоа што го сака

Мајките што имаат деца од двата пола тврдат дека нивните ќерки знаат како да го добијат тоа што го сакаат. И тоа само со изгледот. Дали е така? Дефинитивно. Понекогаш им прогледуваме низ прсти затоа што така се неодоливи, а татковците најдобро го знаат тоа.

11. Ќе ви биде малку жал за мајките на момчиња

Кога сте заедно со своите пријателки што имаат машки деца, ќе се запрашате дали тие малку ви завидуваат. Блиските пријателки можеби и ќе ви го признаат тоа. Впрочем, вие заедно ја уредувате нејзината соба, купувате фустанчиња, ги лакирате ноктите, додека мајките на момчињата се зафатени со фудбал и разговори за суперхерои.

Автор: Маја Томиќ

Извор



912

X