Пандемијата принуди многу семејства да престанат да ги посетуваат своите баби и дедовци за да ги заштитат од вирусот. Но, како резултат на вакцинацијата на милиони луѓе, почнаа да се случуваат многу радосни средби.

102-годишна жена од Аризона по долго време повторно го виде својот 6-годишен правнук.

Енџи Контрерас сподели видео од бабата на нејзиниот сопруг, Џулија Фулкерсон, која нивниот син, Броди, едвај чекаше да ја прегрне. Неговата прабаба му се придружила на час по физичко образование и започнала енергично да маршира.

– Ова е еден од најпосебните моменти досега – напиша Енџи на нејзиниот инстаграм-профил.

Видеото за брзо стана вирално, а многумина не го криеја воодушевувањето од енергијата и духот на 102-годишната бабичка.

– Оваа дама е навистина неверојатна. Таа е легенда и носи толку многу радост во нашите срца. Те сакаме, баба Јулија – додаде Контрерас.

Извор



912

X