100-годишниот Питер Дејвис почнал да помага во основното училиште во Мексфилд, Чешир, пред шест години, кога ја изгубил својата сопруга.

На ветеранот од Втората светска војна му бил доделен медал на Британската Империја од кралот.

Како што вели тој, кога децата го викаат на улица, тој се чувствува како највисокиот човек на светот.

Директорката на училиштето, Вики Мекферсон, го опиша Дејвис како инспиративен, дарежлив и внимателен.

– Тој им го посветува своето време на децата и во последните шест години им всади огромна љубов кон читањето. Никогаш не би можеле да му се оддолжиме за она што го прави – вели таа.

Дејвис вели дека сака да гледа како расте самодовербата на децата.

– Децата се одлични, тие се како сунѓери. Сигурен сум дека јас повеќе учам од нив отколку тие од мене. Не сум старец кој живее сам, туку сум дел од заедницата, што е одлично. Плус, на улица ме препознаваат и ме поздравуваат сите деца од селото, нешто на што дополнително се радувам – вели тој.

Извор



912

X