Сигурни сме дека како и секој родител, и вие ги сакате своите деца и им го посакувате најдоброто. Сигурно сакате и правилно да ги воспитате за подоцна да прераснат во добри и паметни луѓе. Сепак, сите ние денес гледаме многу разгалени деца. Постојат многу причини што можат да доведат до ова, но што да правите ако детето веќе тргнало по тој пат? Еве неколку знаци што можат да ви послужат како предупредување и совети како можете да го поправите тоа. Ако ви е за утеха, повеќето од нас ова го гледаат во своите домови, но е важно да се работи на тоа. Значи вашето дете е неверојатно разгалено ако следново важи кај вас:

1. Детето секогаш може да го промени вашето „не“ во „да“ со малку плачење и лелекање

Во природата на човекот е да биде сè по негово. Децата го тестираат тоа од мали. Ако сте одлучиле дека не треба да добијат нова играчка, уште една чоколада, да спијат кај другарката или другарот или што и да сакаат, тоа не треба да го промените ни по плачење на детето, лелекање или фрлање по подот и слично. Со менувањето на „не“ во „да“ под такви притисоци само го стопирате плачењето и создавате разгалено дете.

2. Верува дека правилата не важат за него

Ако одите на кино со пријатели и секој може да купи по една мала кеса со пуканки, тоа треба да важи и за вашето дете. Без разлика што вашето дете сака да ја има најголемата кеса. Правила се правила. Инаку, вашето дете ќе се разгали.

3. Очекува награда секогаш кога ќе му помогне некому

Во денешно време ова е сè поочигледно во нашето општество. Зборуваме за ситуации во кои само неколку деца се пријавуваат за да помогнат некому, на пример, во Домот за деца без родители, а од нив стотици се согласуваат за посета на Зоолошката градина. Не е сè во животот уживањето и не носи сè материјални награди. Со ова се создаваат разгалени генерации.
Градењето на карактерот кај децата значи повремено да видат што значи да му се помогне некому без некаков надоместок, награда или некое посебно признание. Добар пат е секогаш средувањето на куќата, а не само личните потреби на детето. За тоа никогаш не треба децата да се подмитуваат или да им се плаќа.

4. Прави сцени или се лути кога не е во центарот на внимание

Дали сте виделе родители кои секојпат кога купуваат подарок за некое друго дете (поради роденден, посета или слично) мора да купат и еден подарок за своето дете инаку ќе дојде крајот на светот? Немојте тоа да го правите и вие. Едноставно, тоа само ќе го наведе детето да верува дека секогаш заслужува подароци и внимание. Децата мора да знаат дека понекогаш е во ред некој друг да биде во центарот на вниманието.

5. Се лути кога го коригирате

Постојат многу корекции што родителите секојдневно треба да им ги даваат на децата (од облекување алишта и хигиена до поправање на домашната задача). Ако тоа кај вашето дете предизвикува лутење, можеби е разгалено. Објаснете му дека 2+2=4 не е затоа што вие сакате да бидете паметни, туку тоа е факт, а лутењето за исправките е навистина лудо.

6. Не може ни секунда да почека да му се исполни барањето

Ако работите нешто (чистење по дома, разговарање на телефон, менување пелена на другото дете), вашето дете треба да знае дека мора да почека за да го добие она што го сака. Ова можеби бара упорност и труд, но вреди. Во спротивно ќе имате мало разгалено дете што ќе ви скока по глава…

7. Се лути кога не сакате да го правите она што знаете дека може самото да го направи

Една од најдобрите работи што можете да ги направите за вашето дете е да престанете да правите работи наместо него! Особено не оние за кои знаете дека може да ги направи само. Имајте на ум дека не треба да го молите детето да направи нешто. На пример, речете му на детето: „Ти си голем, знам дека можеш сам да јадеш/носиш торбата/да се врзиш во автомобилот… наместо „Ве молам јадете/носете торба/врзете се во автомобилот…“

8. Не прифаќа одговорност за своите постапки

Мајката: „Ајде излегуваме, каде ти се чевлите?“
Детето: „Не знам. Каде ги стави?“
Мајката: „Треба да ги оставаш чевлите на местото и тогаш секогаш ќе знаеш каде се. Нели така се договоривме? Сега ќе мораш да ги бараш, а веќе излегуваме од дома“.
Дете: „Но, ти треба да знаеш каде се моите чевли. Ти си ми мајка. Ти си виновна“.
Мајката: „Не, тоа е твоја грешка. Се договоривме чевлите секогаш да се оставаат на своето место веднаш штом ќе влезеш дома. Ајде сега најди ги…“
Ова е еден пример, но детето може да биде виновно и поради недовршената домашна, ненаместениот кревет, итн. Кога тоа се обидува да ја префрли вината на некој друг, треба да му кажете дека може подобро и дека треба да ја прифати одговорноста за своите постапки. Така му помагате.

9. Се навредува кога неговите желби нема да бидат исполнети ако рече „те молам“

Децата умеат да бидат „опасни“ и да се обидат да ги манипулираат одлуките на родителите така што ќе бидат добри и ќе замолат за нешто што им е забрането. Но, нивното молење не треба да ја менува вашата одлука ако е донесена со најдобри намери.

10. Се плашите да го примените ова зашто вашето дете ќе доживее тантрум

Ако се најдете во ситуација да се двоумите дали да му зададете задачи на детето за да не му го направите денот непријатен, треба да знаете дека имате проблем. Заземете цврст став и покажете му дека вие сте возрасниот во приказната. Така му помагате на вашето дете бидејќи го подготвувате за вистинскиот живот. Ако ова ви звучи строго, погледнете ги малку возрасните луѓе околу себе и бидете сигурни дека тие егоисти што манипулираат со луѓето станале такви бидејќи биле разгалени деца. Но, вашето дете заслужува подобро од тоа!



912

X