Децата обожаваат кога возрасните од семејството им обрнуваат внимание. Дури и ако немате свои деца и искуство, тоа не значи дека на своите внуци не треба да им бидете пример кога станува збор за одговорност, но и пример за забава.

1. Им се обраќате како на возрасни

Децата сакаат кога им се обраќате како на човечки суштества. Тоа што се мали и неискусни не значи дека не се интелигентни. Затоа со нив разговарајте како со рамноправни членови на семејството.

2. Ги споделувате со нив „непријатностите“ на нивните родители

Ќе ги споделите со нив непријатните ситуации што вие и нивните родители сте ги доживеале во основно училиште. Ќе им покажете фотографии од детството без разлика дали ќе ви се смеат за вашиот моден избор или фризура.

3. Им подарувате „совршени“ подароци

Кул тетките не ги прашуваат продавачите кој подарок е соодветен за возраста на детето. Тие внимателно ги слушаат желбите и интересите на своите внуци и избираат подароци што се совршени за нив.

4. Ги носите на концерт на омилената група или на натпревар

Можеби не сте љубител на музиката на групата One Direction, но тоа не значи дека за љубовта на своите внуци нема да набавите карти за концертот и да ги однесете на најголемиот настан во нивниот живот.

5. Сакате да се дружите со нив

Кул тетките седат со своите внуци и разговараат за секојдневните работи дури и кога се присутни возрасни.

6. Им ги лакирате ноктите

Ќе понудите да им ги лакирате ноктите или ќе им дадете козметички совет како да се справат со акните (со претходен договор со нивните родители), бидејќи вие можете да разговарате со вашите внуци за сè.

7. Им испраќате разгледница од одморот

Кога велиме разгледница, не мислиме на онаа што е наменета за целото семејство, туку онаа што се однесува само на вашите внуци.

8. Контактирате преку „Фејсбук“

Кул тетките имаат свој профил на „Фејсбук“. Се разбира, пријатели сте со вашите внуци и меѓусебно споделувате слики, текстови и смешни видеоклипови.

9. Се допишувате на мобилниот телефон

Вие не треба да ѝ се јавите на мајката за да дознаете што се случува во животот на вашите сакани внуци. Го имате нивниот мобилен број, користете го.

10. Ги учите на игрите од вашата младост

Секоја чест за технологијата, но ваша должност е да ги запознаете децата со игрите од вашата младост. Дали има нешто подобро од забава на отворено.



912

X