Без оглед дали сте нов татко кој може да се пронајде на овој список или мајка која им се заблагодарува на ѕвездите што не е омажена за некој од овие типови татковци, веројатно, порано или подоцна, ќе сретнете некој од овие татковци:

1. Татко-статистичар

Овој татко е навистина упатен во целата бебешка статистика – колку е долго и тешко неговото бебе, колку оброци има на ден, колку килограми имало бебето на последниот преглед, колкав му е обемот на главата – тој е упатен во сите бројки. И најчесто знае сè и на сите им зборува за тоа, но вистинската работа некако ја избегнува.

2. Грижлив татко

via GIPHY

Кога овој татко би можел да изнајми женски гради и да дои, и тоа би го направил. Тој нонстоп го носи бебето в раце, му менува пелени со толкава концентрација како да се работи за нуклеарна физика, ги прави кашичките и нежно го бања своето бебе. Тој едноставно се фрлил во родителската игра.

3. „Гледај во бебето, но и во моите бицепси“-татко

Кога овој татко објавува слики од своето бебе на друштвените мрежи, секогаш и тој е на тие фотографии, најчесто без маица или барем во маица без ракави и секогаш ќе изгледа како бебето да му е тежок тег. Сите знаеме дека бебињата не се тешки, оладете се!

4. Татко ненавикнат на лежерен стил

via GIPHY

Овој татко е навикнат на костуми, но не може да ги носи при прошетки во парк или при трчање по игралиштето. Неговиот прв обид веројатно ќе биде носење маица со јака, со завратени ракави. Тој уште не е свесен дека родителството е неуредно, дека вклучува ползење и телесни течности по облеката. Додека повеќето мажи веднаш се префрлаат на тренирки и го живеат своето второ детство, овој татко тоа го сфаќа дури со второто дете.

5. Татко – главна ѕвезда во паркот

via GIPHY

Негов ден е ако може целиот да го помине со детето и сака сите да знаат за тоа. И бидејќи не може секој ден, од утро до мрак, да го помине со своето дете, тој настојува да биде совршен во тоа. Со себе ги носи сите можни грицки, овошја, млечни производи, шишиња со вода, сокови, влажни марамчиња. Тој е главен родител на игралиштето и главна ѕвезда меѓу децата, додека уморните и исцрпени мајки го гледаат со поглед: „Ееее, да го правиш тоа секој ден…“

6. Татко од 50-тите

via GIPHY

Многу е едноставно да се објасни овој татко. Тој мисли дека сè уште се 50-тите години и дека родителството е „тајна женска работа“. За среќа, денес не постојат многу вакви диносауруси меѓу родителите, но одвреме-навреме можеме да бидеме сведоци на мажи кои својата сопруга ја викаат „мама“ и весело го предаваат бебето во мајчините раце кога ќе заплаче или кога треба да му се смени пелена. И да, нивните оправдувања се секогаш исти: „Таа го прави тоа многу подобро од мене“.

7. „Џејми Оливер“-татко

Понекогаш на мажите им е тешко да се вклопат во фазата на новороденото бебе – на можат да дојат, бебето е нежно и чувствително и нови се во улогата на татко. „Џејми Оливер“-таткото сфатил дека не може да го дои бебето, но може да ја нахрани мајката. Неговиот придонес во бебешката фаза вклучува приготвување вкусни оброци за својата партнерка, а не му се туѓи ни десертите. Во идеалниот свет, тој готви, чисти и пере, но можеме да се задоволиме и со една од тие работи.

8. „Сакаш да ги видиш фотографиите од бебето“-татко

via GIPHY

Овој татко веднаш ќе ви ги покаже фотографиите од бебето – кога и да му се прикаже шанса. На пр., ако случајно се судрите со количките во продавница, неговата втора или трета реченица ќе биде: „Имам јас едно петмесечно бебе, имам тука некаде слика…“ и пред да трепнете неговиот мобилен ќе ви биде пред носот. Иако е убаво тоа што овој татко е толку горд, некој би требало да му каже да ја смири возбудата, особено пред луѓе што не ги познава зашто фотографиите од туѓи бебиња изгледаат како компири со очи.

9. Разведен татко чии деца изгледаат како реквизити

via GIPHY

Овој татко повторно е слободен и неговите деца често како да се реквизити за жени. За разлика од жените, кои генерално го кријат фактот дека се разведени и дека имаат деца, мажите тоа ќе го кажат на цел глас, со викање. Од нивна перспектива, таквиот настап покажува колку се нежни и кул, а нивните деца – слатки. Но, од женска перспектива, тоа повеќе изгледа вака: „Имам сопствени деца, зошто цела вечер да слушам за твоите?“

10. Татко-шегаџија

Овој татко и претходно беше главен кловн во друштвото, а сега има и дете со кое може да биде главен кловн и во друштвото и во семејството. Работи како: бебе со големи очила, бебе кое го покажува средниот прст пред камерата, бебе кое позира со кригла пиво или бебе во „опасност“ ситуации (секако, со помош на „Фотошоп“).



912

X