1. Дали си сигурна дека не чекаш близнаци?

Ова е најлошото прашање. Тоа е несуптилен начин за да кажете: „Огромна си“. Зошто би ѝ рекле на жена дека е огромна?

2. Изгледаш како да ќе се породиш.

Ова е уште еден начин за да кажете: „Изгледаш ужасно“. Како да сте кажале некому дека изгледа изморено. Освен ако лицето само што завршило маратон, деактивирало бомба, или било домаќин на некоја забава – во тој случај можете да кажете дека изгледа изморено. Истото важи и за бремените жени.

3. Огромна си!

Некој всушност и ми го кажа ова кога бев во 20. недела од бременоста и имав повеќе килограми од препорачаните што се нормални за тој период. Излегов од дома со труднички фустан и се чувствував слатко и самоуверено. Потоа се сретнав со некого и ми рече: „Леле, огромна си. Сигурна си дека си добро?“ Мојот сопруг ме фати како плачам во автомобилот по неколку минути. Како што Двајт Шрут од серијата „Канцеларија“ еднаш рече: „Се прашувам себеси – дали идиот би го направил тоа?“ и ако одговорот е – да – јас не го правам тоа. Навистина.

4. Изгледаш како да си во петти/шести/седми месец. Сигурен/а сум дека ќе се породиш порано.

Да, сигурна сум дека мојот доктор, кој одел во медицинско училиште, го згрешил датумот. Благодарам за помошта, ќе се осигурам да се постави календарот во согласност со твоето мислење за тоа колкав е мојот стомак.

5. Носењето на плодот ти е многу… високо, ниско, широко, кон напред итн.

Ако не ѝ го кажувате ова на жена што не е бремена, немојте и на жена која е. Толку е едноставно. Точка. Дали би отишле на некој човек на улица да му ја коментирате формата и големината на некој дел од телото? Не? Тогаш не коментирајте и за телото на трудницата. (Навратете се на 1, 2, 3 и 4).

6. Сигурен/на сум дека е момче/девојче.

Ова едноставно е несоодветно и иритира. Не правете го тоа. Ми се случи група жени во моја близина да се насоберат околу мене во салон за козметика и да ми кажуваат дека се 100 проценти сигурни дека носам момче. „Можеш сега и да ја бојадисаш детската соба“,ми рекоа.

7. Изгледаш како да ќе пукнеш!

…тебе, во носот…

8. Се надевам дека ќе си ја вратиш фигурата.

Чекај, дали зјапаше во мене и пред да бидам бремена? Враќањето на мојата фигура не е твоја работа. Јас сум човечко битие. Да си ја вратам фигурата не е на врвот од листата со моите приоритети, а не треба да биде ни на твојата.

9. Јас се породував 57 часа и сакав да умрам. Сигурна сум дека твоето породување ќе биде подобро, ха ха ха!

Ова е како да му кажеш на пациент кој е болен од рак колку е лоша хемотерапијата. Како да му кажеш на дете во градинка колку ти било лошо во прво одделение. Едноставно не е од помош. Напорно е, тешко е, болно е. Идните мајки го знаат тоа. Не додавајте масло на огнот со тоа што им кажувате колку биле ужасни вашите искуства. Задржете ја вашата приказна за себе.

10. Подобро би ти било да спиеш сега!

Дали сте сериозни? Може ли човек да направи резерви од спиење? Не, не може. Новороденчињата не спијат многу? Ваквите коментари предизвикуваа мојот сопруг да сака да удри некого.

Што да ѝ кажете на бремена жена. Три едноставни збора: Ти. Изгледаш. Прекрасно.

Тоа е сè. Функционира и кај жените што веќе се породиле. Ох, дури и на сите други.

Автор: Кортни Елис



912

X