Пред сè, честитки! Среќни сме за вас бидејќи првите недели од бременоста се неверојатен период од животот. Знаете дека сте бремени, знаете дека почнувате прекрасно патување, но и натаму не се познава вашето стомаче, а не ги чувствувате ни движењата на вашето бебе. Постојат многу работи што можете да ги направите за вашето бебе, а ќе ви помогнат и вам:

Редовно земајте соодветни витамини

Здравата исхрана во текот на бременоста е најдобриот начин на вашето бебе да му обезбедите хранливи материи кои се неопходни за неговиот развој. Но, некои материи не можат да се обезбедат само од храната. Затоа ќе ви помогнат витаминско-минералните препарати со сите минерали што се неопходни за вашето бебе. Благодарение на нив, ќе внесете доволно фолна киселина која го штити бебето, како и витамин Д, кој спречува разни компликации во бременоста.
Совет од стручњаците: Ако витамините ви предизвикуваат мачнина, земајте ги пред спиење.

Дишете длабоко

Без оглед дали станува збор за прва бременост или не, тоа е стресен период, особено во првото тримесечје.
Вашето тело поминува низ големи физички промени, вашите хормони дивеат бидејќи во вас расте дете. Во овој период приоритет е да откриете кои работи најлесно и најефикасно ви помагаат против стресот. Јогата во комбинација со медитација дава одличен резултат. Вашето бебе ќе ужива во вашата смиреност и опуштеност.

Ако можете, вежбајте

Кога ќе бидете преоптоварени со чувство на мачнина и задржување на храна, вежбањето може да биде одличен начин за разрешување на овие проблеми. Исто така, ќе ви го подигне нивото на енергија, а тоа ќе ви овозможи поквалитетен сон.

Разговарајте со вашиот лекар

Вашиот прв преглед ќе се биде околу 8. недела од бременоста. Потоа прегледите ќе се закажуваат еднаш месечно, а кога ќе влезете во последното тримесечје – најмалку на секои две недели. На секој преглед лекарот ќе ја мери вашата тежина и крвниот притисок за да се увери дека сè е во ред. Слободно прашајте го сè што ве интересира и споделете ги со него сите ваши дилеми.

Елиминирајте ги токсините

Треба секогаш да имате на ум дека вашето бебе е изложено на сè што внесувате во организмот, затоа потрудете се да внесувате само здрави и добри работи.
Бидејќи е невозможно сè да елиминирате, добро е да ги избегнувате работите што можат да му наштетат на бебето.
Избегнувајте цигари, алкохол и сите облици на дроги. Намалете го внесот на кофеин. Намалете го и внесот на жива, доколку често консумирате риба која го содржи овој метал. Доколку ви овозможуваат условите, купувајте органски производи и користете козметика без штетни хемикалии.

Побарајте помош

Тоа не е ништо страшно! Вие веќе сте супержена. Во вас расте бебе. Затоа, наместо постојано да чувствувате потреба сè да направите сами, побарајте помош. Некој друг нека се погрижи за набавките, да подготви јадење, да ја испегла облеката.

Одморајте се

Одморањето и сонот во текот на бременоста се од неверојатно значење. Недостигот на сон доведува до анксиозност, депресија, проблеми со гестациски дијабетес, висок крвен притисок и други здравствени проблеми.

Треба да сте истрајни

Не во воинствена смисла, но треба да сте истрајни.

Мајчинството сега почнува

Не е тајна дека мајчинството е вештина која никогаш не се совладува докрај – заради возбуда, грижа, желба сè да биде совршено, но треба да имате на ум дека мајчинството диригира потреба да се дејствува инстинктивно, да се опуштите и бавно да одите, чекор по чекор.
Бидете нежни кон себе. Бидете вљубени во себе. Го заслужувате тоа.

Водете дневник

Бременоста е како ролеркостер на чувства. Без оглед дали чувствата ќе ви бидат позитивни или негативни, водете дневник на вашата бременост. Ќе создадете еден преубав спомен за сите времиња. И секогаш кога ќе се навратите на нив, ќе ви будат преубави емоции.
Напишете писмо до вашето бебе. Напишете дека едвај чекате да го запознаете. Фотографирајте го стомакот секој месец за да го имате пред себе чудото на животот што се развивало во вас.

Совет плус: Поврзете се
Пронајдете го вашето „племе“, односно група мајки што ќе ве разберат бидејќи ќе бидат на истиот животен пат. Кога ќе најдете луѓе што поминуваат низ истото, ќе бидете помирни бидејќи во секој момент ќе имате поддршка од друг.

 



912

X