Ако се потсетиме на сопственото детство и размислуваме за работите што ни ги понудиле родителите што нѐ правеле среќни, почнуваме да го откриваме одговорот на ова прашање: „Што сакаат децата денес од своите родители?“
Ерин Курт, специјалист за родителство и поранешна наставничка со 16-годишно искуство во наставата во пет различни земји, со текот на времето научила од своите ученици што правеле нивните мајки и што ги правело среќни. Не е изненадувачки што одговорите се слични од земја до земја.
Еве ги 10. најчести работи што нивните родители ги прават, а децата најмногу ги ценат:
- „Со задоволство се сеќавам кога мајка ми доаѓаше во мојата соба навечер, ми читаше приказна или пееше песна“. Освен тоа, бев фасциниран кога таа ми раскажуваше за мене кога бев помлад“.
- „Кога ме бакнува и ме гушка и зборува само со мене“.
- „Кога поминува време само со мене: играме, читаме, правиме нешто заедно без другите луѓе да нѐ вознемируваат“.
- „Кога ми ги прави омилените јадења“.
- „На вечера разговараме за тоа што ќе правиме заедно следниот ден или викендот“.
- „Навечер имаме свои приказни, за пријателите, семејството, врските итн.“
- „Ми дозволува да играм колку сакам надвор со моите пријатели“.
- „Ме скокотка додека едвај дишам или заедно гледаме цртани“.
- „Кога нежно ќе ми каже дека сум згрешил или нешто не сум направил како што треба“.
- „Кога ме буди со мали изненадувања: ми пишува белешка што ќе ја најдам во палтото, ќе ми направи закуска итн.“
Горенаведените 10 работи се резултат на интервјуа со деца од целиот свет, без разлика на нивната култура или земја. Како што можеме да видиме, малите деца го гледаат животот на многу едноставен начин. Многу поедноставно отколку што го гледаме ние, возрасните. Знаејќи што сакаат, би можеле да почнеме да правиме некои од овие работи уште денес. Во основа, она што децата навистина го сакаат е да се чувствуваат што е можно поблиски до своите родители – и физички и емоционално.
Автор: Јасна Дреновац
912