Учите за важноста на независноста – Не ви треба маж да ве спасува или некој да се грижи за вас, ќе научите дека сте способни да живеете исполнет и среќен живот без да мора да го споделите со некој друг. Учите дека можете да изградите дом, да одгледувате деца, да готвите и да миете садови додека имате успешна кариера. Во основа, учите како да бидете супержена.

Учите за значењето на безусловната љубов – Гледате како мајка ви го жртвува своето време, здравје и младост за вас и вашите браќа и сестри, но таа никогаш не се пожалила за тоа колку страдала или работела. Секогаш имала насмевка на лицето и со задоволство давала повеќе од себе. Таа ве научила како изгледа несебичната и безусловна љубов, а знаете дека таа љубов нема да можете да ја најдете никаде на друго место.

Учите како да се сакате себеси – Учите како да се оддалечите од работите за кои не сте биле наменети да ги правите, учите како да продолжите да одите дури и кога целиот свет е против вас и учите како да верувате во себе кога сите се сомневаат во вас. Учите дека лошите оценки, кршењето на срцето и неуспесите не ве дефинираат; она што ве дефинира е како се кревате по секој неуспех и колку напорно се борите за животот што го сакате.

Учите дека можете да бидете и силни и нежни истовремено – Силните мајки обично се многу чувствителни, само подобро го кријат тоа, но сигурно сте ја виделе мајка ви како тивко плаче поради вашата болка или како цела ноќ се грижи за вас кога сте биле болни или кога не можела да спие со ноќи затоа што нешто ве мачело. Начинот на кој ве гушкала кога сте биле тажни покажува големо сочувство и нежност.

Учите дека не е лесно да се биде жена – Ќе научите дека вашето мислење ќе биде омаловажено, дека ќе ве сфатат несериозно кога сте сериозни, но ќе научите и дека можете да се истакнете во толпата и да ги натерате сите да го слушаат вашиот глас и да ги прифатат вашите идеи. Учите дека она што не ве убива ве прави посилни.

Учите никогаш да не гледате назад – Учите да се откажете од сите претпоставки од типот „што би било“ и „можело да биде“. Учите да не гледате наназад и да се прашувате зошто животот се превртел наопаку. Само продолжувате да гледате напред и го оставате минатото да се искупи. Научете дека сè што се случило ве довело до местото каде што припаѓате, дури и ако тоа не е ништо што некогаш сте го посакувале.

Ја учите важноста на трпението и вербата – Невремето ќе помине и утре е нов ден. Учите да бидете трпеливи со животот, трпеливи со времето, трпеливи со успехот и трпеливи со проблемите. Учите дека трпението е сила.

Учите како да создадете своја среќа – Можете да најдете среќа во тежок живот. Сè уште можете да бидете среќни дури и ако ја носите тежината на светот на вашите рамена. Силната мајка нѐ учи дека секогаш можеме да најдеме причина за што да се смееме – сè што треба да направиме е да бараме посилно.

Учиме дека таа сепак знае повеќе за љубовта од нас – Дури и кога сте разделени со генерации, дури и ако не ви се допаѓаат нејзините љубовни избори, ако некого не одобрува, подобро слушајте ја. Таа знае што зборува – згора на тоа, таа не сака да го види вашето срце скршено. Колку и да мразиме да признаеме, таа била во право секојпат.

Учите како да бидете добра мајка – Ве израснала мајка која ви покажала како навистина да се грижите за семејството, покажала колку се исплати трудот, дека можете да сакате некого безусловно. Таа ви покажала како да бидете заштитнички настроени, љубезни, сочувствителни, силни и издржливи. Таа ве водела со пример и знаеле вие или не, чекор по чекор ги следите нејзините стапки.

Автор: Ања Делиќ

Извор



912

X