Прочитајте ги десетте духовити причини зошто е многу потешко да се справите со тригодишни деца отколку со двегодишни.

1. На две години едвај зборуваат. На три не престануваат да дрдорат.
2. На две години плачат. На три имаат епски напади на бес што веројатно ве тераат да поверувате дека се „опседнати од ѓаволот“.
3. На две години јадат сè што ќе ставите пред нив. На три, како да јадат само три продукти… обично оние што не сакате да ги јадат.
4. На две години бањањето трае десетина минути, а резултатот е чисто дете. На три години бањањето трае околу еден час и резултатот е поплавена бања, мокри родители и 16 искористени крпи.

5. На две години децата носат пелени кои се менуваат под вашето будно око. На три, веќе се навикнати на нокширот и светот се врти околу нивниот мочен меур и цревата.
6. На две години вниманието им го одзема чоколадото во продавницата. На три имаат цел попис со работи што сакаат да им ги купите во таа продавница.
7. На две години ви дозволуваат да ги облекувате и изгледаат толку слатко и невино. На три, инсистираат самите да ја изберат облеката и изгледаат како да излегле од некаков цртан филм.
8. На две години не им е пријатно кога ќе се извалкаат. На три, едвај чекаат да се испрпелкаат во калта.
9. На две години ви дозволуваат да ги правите работите наместо нив, со што заштедувате многу време. На три години сакаат апсолутно сè да прават сами, па секоја работа трае вечност.
10. На две години ни на крај на памет не им паѓа да манипулираат. На три години ве поседуваат и многу се свесни за тоа.

 



912

X