Возрасната граница за раѓање деца се поместува секоја година, па многу мајки се одлучуваат да го родат своето прво дете по 35. година, од различни причини. Додека со ова се поврзуваат различни митови, честопати и стравот и ризиците, сепак постојат и одредени предности кои ги истакнуваат оние што решиле да станат родители во своите „подоцнежни“ години.

Еве зошто жените почесто раѓаат деца по 35. година од животот и што наведуваат како предност во целиот процес:

„Постара сум, помудра и поодговорна – знам што сакам од животот“

Многу мајки веруваат дека животното искуство и зрелоста ќе им помогнат во грижата за детето, а со ова се согласуваат и многу експерти.

„Се остварив во кариерата, сега се посветувам на семејство“

Жените на 35 години веќе зачекориле во светот на бизнисот, а многу од нив веќе имаат развиено кариери, па сега со истата страст можат да се посветат на своите деца и семејството.

„Бабите и дедовците се во пензија, сега можат да помогнат повеќе“

Без разлика дали активно ќе учествуваат во воспитувањето на детето или не, тие сигурно имаат повеќе време да се вклучат и да помогнат во критичните ситуации.

„Сите мои пријателки веќе имаат деца, па јас сега само собирам совети, како и облека, креветчиња и предмети“

Пријателките кои веќе имаат деца можат да ви дадат корисен и практичен совет. Вашите пријателки ги поминале сите фази и свесни се за сите проблеми на кои и вие ќе наидете со текот на времето. Нивниот совет тогаш ќе вреди злато, а да не ги споменуваме сите детски предмети што ќе ги добиете како подарок.

„Откако се породив, сите мислат дека сум помлада“

Освен што децата ве „подмладуваат“ – кога луѓето ќе ве видат со бебе, автоматски ќе помислат дека сте млади. Многу мајки истакнуваат дека изгледаат помладо откако добиле бебе.

„Сега сум финансиски постабилна од пред 5 и 10 години“

Многумина се одлучуваат за мајчинството по 35. година токму од финансиски причини. Тие се чувствуваат побезбедни и мислат дека на овој начин можат да му дадат повеќе на детето.

„Ги искусив ноќните излегувања и забавите, сега уживам да ги поминувам викендите дома со моите деца“.

Веројатно до 35. година сте имале доволно време и можности да уживате во социјалниот живот, да излегувате и да се забавувате. Така, фактот што сега ќе мора да бидете дома со вашето сакано дете, а не на луда забава, навистина ве радува.

„Полесно ми е да препознам што е важно, а што не“

Малите нешта можат да создадат проблем ако не можете да разликувате што е важно, а што не, околу што треба да размислувате, а што е глупост. Ова бара животно искуство кое вие го имате, во споредба со младите мајки.

„Знам дека животот брзо минува и дека децата брзо растат, па затоа уживам во секој момент од мајчинството“

Со текот на годините луѓето стануваат свесни дека времето лета и колку е важно да се искористи на важни и вистински работи, како што се децата и нивното воспитување.

Извор



912

X