Често можеме да чуеме дека студеното време е добро за нашето здравје, а дали знаете кои се придобивките за мозокот и нашиот организам од ниските температури?

Повеќе енергија


Изложеноста на ниските температури, на пример, прошетка на студено време, ќе ве исполни со енергија, па ќе бидете енергични и кога ќе се вратите во топло. За студеното да има таков ефект, не мора да бидете долго изложени. Доволна ќе биде и кратка прошетка – затоа, практикувајте брзо одење.

Подобар сон


Луѓето што страдаат од несоница имаат поголема телесна температура, па спиењето ќе им биде полесно во разладена просторија, на идеална температура од 16 до 20 Целзиусови степени. Ова важи и за нив и за сите други.

Согорување калории


Студеното поттикнува согорување на калориите во темното масно ткиво. Темното масно ткиво произведува топлина и ги согорува маснотиите. Кај бебињата служи за регулирање на телесната температура, додека кај возрасните се наоѓа во помали количини.

Мозокот подобро работи


Докажано е дека на високи температури луѓето поретко донесуваат поголеми и посложени одлуки. Топлото време брзо ги исцрпува нашите резерви на гликоза, а бидејќи гликозата ја користиме во менталните процеси, нејзиниот недостиг влијае врз нашата способност за донесување одлуки.

Подобро дишење

Во есен и во зима воздухот е со подобар квалитет отколку во пролетните и летните месеци. Поради свежиот, чист воздух, овој период од годината е идеален за престој во природа, долги прошетки и длабоко дишење.

Совршено за трчање

Дали некогаш сте се запрашале зошто маратоните се одржуваат во доцна есен? Затоа што на пониски температури полесно е и попријатно да се трча. Трчањето по топло и влажно време го исцрпува нашето тело. Истражувањата докажале дека по студено време трчаме побрзо, што значи дека за пократко време можеме да согориме повеќе калории.

Помалку воспаленија и инфекции


Воспалението на мускулите често се ублажува со ставање мраз на отеченото и болно место. Истиот ефект го имаат и ниските температури на воздухот. Многу атлетичари при лекување на воспленијата и повредите користат криотерапија, односно терапија со мраз – изложување на екстремно студени температури. Престојот надвор нè прави поотпорни. Тоа е така затоа што бројот на клетки што се борат против инфекции всушност се зголемува кога престојуваме на студено.

Подобро се чувствуваме


По студеното време не мораме да се грижиме за тоа како изгледаме во бикини или костим за капење, што придонесува за зголемување на самодовербата. А тоа е и период од годината кога размислуваме за вежбање, поради донесувањето на новогодишните одлуки.

Повеќе ги цениме деновите што доаѓаат


Истражувањата покажале дека луѓето што живеат во подрачјата каде што е секогаш топло и сончево не се посреќни од другите. Луѓето се со најдобро расположение по подолг период на студени и тмурни денови.

Нема инсекти


Ниските температури ги убиваат инсектите, на пример, комарците, што значи дека не мораме да се браниме од овие ситни здодевни натрапници кои може да ни пренесат и зараза.

Извор



912

X