Игротека

10 прекрасни имиња што имаат латински корени

Пронајдовме класични и популарни имиња што имаат латински корени, но имаат и интересно значење.

1. Адријана

Само изговорете го ова прекрасно име и ќе сфатите колку убаво звучи. Женска варијанта на латинското име Адријан, што значи оној што доаѓа од местото Адрија. Ако сакате слатки прекари, од ова име сигурно ќе можете да извлечете повеќе.

2. Клаудија

Исто така име што има латински корени. Доаѓа од зборот “claudius“ што претставувало често име кај многу римски семејства.

3. Стела

Доаѓа од зборот “stella“ што значи „ѕвезда“. Прекрасно име за вашата мала ѕвезда.

4. Лусија

Слатката Лусија. Од латинскиот збор “lux“ што значи „светло, сјај“. Убаво име за девојка што вечно ќе трае.

5. Валерија

Потеклото на ова име доаѓа од латинскиот збор “valerianus“ што значи „онаа што е силна, здрава“. Прекрасно име за вашата силна ќерка.

6. Оливија

Име кое настанало од латинскиот збор “olivarius, oliverus“ што значи „маслиново“. Ова дрво е симбол на надежта, па може да се рече дека името значи „таа што носи надеж“.

7. Доминик

Настанало од латинскиот збор “dominus“, а неговото значење е „господар, господин“. Ова име се користи во многу земји во светот. Познато е и по шпанскиот свештеник од 13 век, св. Доминик.

8. Вера
Иако името звучи како словенско, потекнува од латинскиот збор “veritas“ што значи „вистина“. Многу убаво име за вашето девојче.

9. Емилио

Нова верзија на старото латинско име Aemilianus, а потекнува од латинскиот збор што значи „ривал“. Многу популарно име во Италија и во Шпанија.

10. Лара

Доаѓа од латинскиот збор “lar, laris”, а тоа било назив за римските куќни богови кои биле заштитници на куќата. Затоа може да се каже дека ова име го има значењето „заштитничка“.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top