Воспитување

10 правила за успешни баби и дедовци

Кога дете ќе пристигне на овој свет, сè се менува, дури и за бабите и дедовците, кои се основните фигури во секое семејство. Тие, исто така, поминуваат многу време со своите внуци, завршувајќи секојдневни обврски, домашни задачи и игри со нив. Но, како најдобро да се извршува задачата на баба или дедо? Ова се 10 правила што треба да се следат:

1. Поставете правила

Поминувањето време со внуците е време за уживање и за вас и за нив. Бидете сигурни дека децата ќе ја сфатат вашата улога и ќе ги почитуваат правилата што ќе ги поставите. Само неколку полесни инструкции за сè да биде полесно.

2. Бидете присутни, но не премногу

Присутни баба и дедо се важни за внуците, но на секое семејство му е исто така важно и да има простор. Избегнувајте да се појавувате во нивниот дом во недела наутро, секогаш известувајте за вашите посети и нека бидат во договор со родителите.

3. Почитувајте ги правилата на родителите

Од големо значење е да ги почитувате правилата на родителите на децата, дури и ако имате повеќе искуство со работите. Ако детето не ги доживува со вас истите забрани што ги има од родителите, тогаш резултатот ќе биде намалување на нивниот авторитет во очите на децата.

4. Најдете баланс

Доаѓањето на внучето е нешто најубаво што може да се случи, но тоа не значи дека треба целосно да заборавите на себе и да бидете комплетно посветени само на детето.

5. Не расправајте се пред нив

Ако не се согласувате во врска со нешто, не расправајте се пред децата. Но, пронајдете најдобар начин да ги потврдите вашите причини.

6. Освојте ја довербата

Не е чудно ако родителите не сакаат да го остават детето со бабите и дедовците кога е премногу малечко. Не спротивставувајте се на тоа, туку постепено освојувајте ја довербата на родителите.

7. Уживајте со внуците

Одлично е да се има внуци, па затоа уживајте со нив. Децата ќе ве подмладат, а вие повторно ќе ги доживувате емоциите што сте ги имале како родител, само обврските ќе ви бидат помали.

8. Третирајте ги сите еднакво

Ако имате повеќе внучиња, важно е да запомните да ги третирате сите исто. Не е во ред ако некој има повеќе привилегии од другите.

9. Понудете помош

Секој родител се соочува со оваа авантура на свој начин, па можете и вие како баби и дедовци да дадете некој совет, но да не се лутите ако тој совет не биде прифатен.

10. Не мешајте се во нивните проблеми

Обидете се да не се мешате во проблемите што се однесуваат на родителската двојка. Ако има тензија помеѓу нив, вие обидете се да останете неутрални. Некои проблеми може да се решат само помеѓу нив и не се однесуваат на вас.

Автор: Џована Пири

Извор

 

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top