Психологот Барбара Гринберг, која секојдневно комуницира со тинејџери, и индивидуално и во групи, дошла до идеја да ги анкетира за тоа што најмногу ги нервира кај нивните родители.
Без посебен ред, таа составила список со десет најголеми приговори од тинејџерите упатени кон родителите:

1. Тинејџерите не сакаат кога родителите им се јавуваат на професорите без нивно знаење.
2. Тие се срамат кога нивните родители им откриваат на другите луѓе работи што им ги кажале во доверба.
3. Тинејџерите не сакаат кога за нив се зборува како да не се присутни.
4. Кога нивните родители јавно ги фалат, тие сакаат да пропаднат во земја од срам.

5. Тинејџерите мразат кога нивните родители ги споредуваат со браќата и сестрите.
6. Не сакаат кога нивните родители предвидуваат или очекуваат нешто да направат.
7. Тинејџерите сакаат кога нивните родители ќе им кажат само еднаш, не е потребно да повторуваат по сто пати.
8. Секако, не сакаат кога тие донесуваат претпоставки за нив што не се вистинити.
9. Особено не го сакаат коментарот: „Те знам подобро отколку што самиот се познаваш“.
10. Чувствуваат голем стрес кога кажувате негативни работи за нивните пријатели.



912

X