Пандемијата на коронавирусот предизвика глобална криза без преседан во образованието, со речиси 10 милиони деца погодени од затворањето на училиштата, кои можеби никогаш нема да се вратат во своите училници, објави организацијата „Спасете ги децата“.

Повикувајќи се на бројки од УНЕСКО, британската хуманитарна организација соопшти дека во април, откако во целиот свет беа воведени мерки за да се спречи ширењето на епидемијата, 1,6 милијарда млади луѓе (речиси 90 проценти од учениците и студентите) престанале да одат на училиште и на факултет.

„Спасете ги децата“ предупредува дека поради економските последици од пандемијата, дополнителни 90 до 117 милиони деца би можеле да завршат во сиромаштија, многу млади мажи би можеле да бидат присилени да почнат со работа, а девојчињата би можеле да бидат присилени на брак за да помогнат во поддршката на нивните семејства. Поради тоа, меѓу 7 и 9,7 милиони деца во светот би можеле да заминат од училиште засекогаш, велат од организацијата.

Истовремено, организацијата предупредува дека поради економската криза, буџетите за образование во земјите со ниски и средни приходи би можеле да се намалат за 77 милијарди долари.

– Околу 10 милиони деца можеби нема да се вратат на училиште – станува збор за криза без преседан и владите мораат итно да дејствуваат – вели директорката на организацијата, Ингер Ашинг.

– Владите треба да ги зголемат финансиите за образованието, а наместо тоа, ќе се зголеми ризикот од нови јазови, што ќе доведе до драматичен раст на нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните, девојчињата и момчињата – додава таа.

„Спасете ги децата“ ги повикува владите и приватните донатори да го зголемат финансирањето на образованието за децата да се вратат во училиштата тогаш кога ќе биде возможно, а во меѓувреме образованието да се одвива на далечина.

Извор



912

X