Воспитување

10 лоши однесувања на кои ги учите децата без да бидете свесни за тоа

Генетиката е само половина од играта. Другата половина е – воспитувањето. Децата се директен продукт од својата околина, па што се случува кога родителите постојано претставуваат лоши примери и ги учат децата на лошо однесување. Одговорот е едноставен – се креираат „чудовишта“. Можеби се слатки мали чудовишта, но сепак се чудовишта. Лошото однесување има широк спектар, а сето зависи од толеранцијата на личноста. Кога родителот демонстрира лошо однесување, детето го презема тоа однесување. Па прочитајте за следните родителски совети во врска со однесувањата на кои не треба да го учите своето дете.

Промовирање насилство како решение

Пред неколку недели слушнав еден разговор помеѓу баба и 7 или 8-годишен внук. Таа му даваше инструкции да се бори. Зборовите на бабата: „Следниот пат, не чекај да му кажеш на учителот. Едноставно врати му и удри го. Покажи му дека нема да го трпиш неговото однесување и ќе видиш дека ќе си замине.“ Во сцената доаѓа млада мајка која носи кутија со житарици. Мајката се согласува со зборовите на бабата. Ако средношколец скокне врз друг средношколец, тогаш да, да се возврати како самоодбрана е во ред. Но, да се учи 7-годишно дете да се тепа, е навистина лудо. Доколку самоодбраната не е неопходна, тогаш физичкото насилство никогаш не е решение.

Покажување слабо спортско однесување

Сите сме виделе родител кој се воодушевува од талентите на своето дете и се однесува малку агресивно – обвинува, вика, пцуе. Таквите родители се првите што ќе речат дека тимот на нивното дете изгубило поради тоа и тоа лице, но никогаш нема да признаат дека едноставно спротивниот тим бил подобар. На фудбалскиот натпревар на мојата ќерка минатиот викенд, мајка од спротивниот тим викаше во текот на целиот натпревар: „Фати ја! Фати ја!“ Сериозно? Ова не е боксерски ринг – туку фудбал. Децата мора да научат да даваат сè од себе, а не да бидат секогаш најдобри.

Непочитување авторитети

Ако минимизирате нечиј авторитет пред вашето дете, тогаш и детето ќе го прави истото – на пример, неговиот учител/ка. Децата мора да научат дека секој прави грешки, вклучително и возрасните. Тоа е дел од животот. Ако треба да изразите мислење, направете го тоа смирено, со почит и не пред своите деца. Преку минимизирање на авторитетите пред детето вие му ја одземате почитта кон другото лице. Тоа ќе ги направи идните интеракции потешки за сите.

Возење како манијак

Само што поминавте на црвено, додека децата седат назад во автомобилот. А веќе сте се движеле со брзина над дозволената. Не е во ред да се прекршува законот и да се демонстрира бес пред своето дете.

Пцуење

Не ми се допаѓа кога ќе слушнам дете како пцуе. Запомнете, лошото однесување е разновидно. За повеќето возрасни и сите наставници, пцуењето од страна на дете е недозволено. Ако како родител продолжите да пцуете, вашето дете ќе ги следи вашите чекори во неговото изразување.

Искористување на грешките на другите

Иако повеќето родители не би краделе пред своите деца, некои тоа го прават знаејќи дека е по цена на нечија грешка. Дали сте забележале грешка и сте ја искористиле за да го научите детето дека не треба да ги искористува грешките на другите луѓе? Мајка ми го применуваше тоа кога растев. Одеше во продавница една недела подоцна за да плати за работите за кои увидела дека не ѝ биле наплатени соодветно. Ако сакате искрени и чесни деца, покажете чесно однесување.

Безобразно однесување

Зошто мора вербално да напаѓате други луѓе пред вашите деца? Децата ќе го повторуваат тоа однесување и ќе навредуваат луѓе и кога ќе пораснат.

Допишување за време на возење

Кога мојата ќерка имаше 6 години, видов како ме гледа додека се допишував и возев. За да научи дека е поважна безбедноста отколку допишувањето, застанав за да допишам, па потоа продолжив да возам.


Избегнување на одговорноста

Задржувањето на работно место е важно, а исто така и појавувањето. Плаќањето на долговите и завршувањето на обврските се важни. Моделирајте примерен граѓанин кој се грижи и за својата заедница пред своето дете. На крајот на краиштата, на заедницата им ги оставате своите деца и внуци.

Покажување нетолеранција кон ранливите категории

Дрските коментари кон бездомници што бараат пари не се соодветни – бидејќи треба да го учите детето да им ја отвори вратата, особено на постарите и на оние со инвалидитет. Дури и ако животот не ви е најдобар во моментот, тоа нема да трае вечно. Најважна е емпатијата и толеранцијата кон сите други луѓе.

Автор: Алекс Александер

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top