Секој родител сака да го види своето дете среќно. Родителите денес трошат многу пари за играчки што се преценети, здодевни и иритираат. На крај завршуваат во ѓубре, искршени на мали парчиња или се чуваат во некоја кутија бидејќи детето не сака да си игра со нив или му станале досадни. Секој родител може да повлече линија и да каже „не“, да ја остави играчката и да излезе од продавницата. Постојат десет вида играчки за кои треба добро да размислете пред да им ги купите на вашите деца.

1. Играчки што испуштаат непријатни звуци

Пожарникарски камион кој има 50 светла, а уште од него слушате јасен звук „оган, оган“, а потоа ќе слушнете сирена долга 30 секунди. Сите овие функции се случуваат со лесен допир на копчето на камионот. Избегнувајте да купувате вакви или слични играчки. Треба да уживате во играњето со вашите деца, а ваквите играчки ќе ве направат нервозни.

2. Играчки со сензори за движење

Ако имате вакви играчки во вашиот дом, нема да можете да се движите нормално. Сигурно ќе зажалите ако купите нешто што прави бучава додека се движите. Никогаш повеќе нема да можете скришно да излезете од детската соба.

3. Играчки што се дел од некаква колекција

Вашето дете ќе ги бара сите играчки од таа колекција, без разлика дали се работи само за различна боја, име или специјално издание. Кога конечно ќе го купите и последното парче од оваа колекција, вашето дете ќе посака да собира нова колекција. Верувајте, еднаш кога детето ќе ги открие таквите играчки, нема да има крај.

4. Ситни играчки

Прво и основно, многу е болно кога боси ќе згазнете на мали ситни играчки. Невозможно е да ги видите во темница, а тоа значи дека не можете да ги избегнете. Исто така, овие играчки често завршуваат во устата на детето, а потоа во устата на кучето, па пак кај детето. За да си го олесните секојдневниот живот, не купувајте ништо што е помало од дланката.

5. Играчки што лесно можат да се разделат на стотици мали парчиња

Таквата ситуација неизбежно ќе се случи на задното седиште од вашиот автомобил, по две минути откако сте излегле од паркингот на продавницата. Се разбира, ако има налепници, веднаш ќе завршат на автомобилското стакло.

6. Кревет со ликови од цртаните филмови

Можеби мислите дека вашето дете ќе почне да спие цела ноќ и полесно ќе се приспособи на преминот од бебешко креветче во обичен кревет ако биде опкружено со своите омилени ликови од цртаните филмови. Не губете време и пари. Најдобро е вие да имате голем и удобен кревет во кој ќе можете да се одморите кога вашето дете ќе дојде навечер до вас и ќе ви го преземе креветот.

7. Играчки што можат да се претворат во оружје

Внимавајте на остри предмети, тешки топки… сигурно веќе знаете што може да му послужи како оружје на вашето дете.

8. Играчки на тркала што вашето дете не може само да ги вози

Ако сакате на вашето дете да му купите трицикл или велосипед пред да биде подготвено, ќе бидете принудени постојано да го туркате и да внимавате на него. Значи, постојано ќе бидете наведнати.

9. Детски книги со 400 страници и со ситни букви

Пред да купете детска книга, најпрво пролистајте ја, а потоа запрашајте се дали можете да ја прочитате најмалку десет пати во два месеца. Ако одговорот е „не“, најдете друга книга.

10. Играчки што се склопуваат од многу делови

Дали некогаш сте виделе играчка за која се потребни 22 чекори за да ја составите, и тоа додека околу вас трча тригодишно дете? Три страници со инструкции кои немаат смисла и налепници насекаде. Избегнувајте ги, ако можете.



912

X