10-годишно девојче преку ноќ станало интернет-сензација. Нејзината фотографија, на која таа седи во училница со сестра си во скут, била објавена на социјалната мрежа „Твитер“ и воодушеви многумина.

„Бев импресиониран од нејзината посветеност на образованието“, напишал индискиот политичар Бисвајт Тонгам покрај фотографијата.

Тој открил дека девојчето се вика Мејнингсинлиу Памеи и дека живее во Манипур, каде што одела на училиште, чувајќи ја и нејзината сестра додека нејзините родители работеле на полињата.

Тонгам бил трогнат од сцената и стапил во контакт со нејзините родители и ветил дека лично ќе му помогне на девојчето околу образованието додека не дипломира.

Извор



912

X