Десетте должности на децата биле објавени во „Политика“ на 19 август 1910 година.
Пред почетокот на училишната година сите ученици требало да ги запомнат и што е најважно, да ги усвојат и применат. Читајќи ги овие заповеди, не можеме, а да не се запрашаме каде исчезна воспитувањето на духот, човечноста и благородноста во училиштата?
Ви ги пренесуваме сите 10 должности на српските деца:
1. Училиштето е мала држава: Биди добар граѓанин во својата држава, па да направиш нешто добро за твојата голема земја.
2. Помисли дека ќе примиш големо наследство и биди им благодарен на сите луѓе што ти го овозможиле, на сите големи луѓе што со работата во својот живот и тебе ти овозможиле работи.
3. Научи се да бидеш верен за мали работи, за еднаш да можеш да бидеш верен за големи работи.
4. Стреми се кон вистината; немој само по форма да ги исполнуваш своите должности и немој да бидеш задоволен од надворешниот успех. Немој да ги учиш другите за љубов, туку мисли на самиот себеси и колку би сакал да постигнеш.
5. Немој да лажеш, ни како робови кои немаат храброст за вистината ни како затвореници кои сакаат да се возвишат во висините, ниту како измамници во зборовите, кои позајменото го кажуваат дека е нивно. Исто така, не смееш да бидеш дволичен: да се правиш смирен пред родителите, а дрзок пред своите учители и другари.
6. Биди добар другар, сигурен и верен; но не дозволувај никој што е полош од тебе да те совлада. Не плаши се да ги надминеш другите во учење само поради сопствено честољубие, но внимавај да направиш сè што твојата сила го бара од тебе.
7. Не злоупотребувај ја твојата сила кон слабите и немој да бидеш надуен кон помалите; знај дека уште во млади години можеш да дадеш доказ за големо срце.
8. Гледај да бидеш вреден во сите игри и да останеш весел низ цела младост. Љуби ја природата со сите суштества и не дозволувај никаква работа да го уништи уживањето во неа.
9. Не дозволувај да ти падне духот ако нешто си погрешил и мораш да претрпиш казна. Не дозволувај недовербата да се всели во тебе и не мисли ништо лошо за твоите наставници; напротив, биди убеден дека само тие се твоите пријатели.
10. Прави го она што е добро доброволно пред твојата задолжителна работа, за подоцна да се најдеш меѓу оние што самите си поставуваат цел, а не меѓу робовите, кои само работат што ќе им се каже.
Деца, научете ги овие прекрасни десет заповеди напамет; научете ги и почитувајте ги, па ќе ви биде добро и во овој и во оној свет.