Истражувањата покажале дека позитивното родителство е поврзано со подобра адаптација на училиште, здрав интелектуален и социјален развој и поретка појава на проблеми во однесувањето додека растат децата.

Клучниот аспект на позитивното родителство е поврзувањето, кое се постигнува со мали гестови, на пример, допир, смеа, слушање, споделување искуства и заедничка забава.

Еве неколку едноставни дневни ритуали што им помагаат на родителите да се поврзат со своите деца, а не одземаат повеќе од 10 минути.

– Седнете на под со своето дете и играјте онака како што сака детето (лего-коцки, играње улоги, криенка…), по 10 минути секој ден. Оставете ги децата да водат.

– Почнете го денот позитивно. Прегрнете го детето и речете му: „Многу те сакам“, и правете го тоа секое утро кога ќе излезе од својата соба.

–  Секоја вечер издвојте по 10 минути за своето дете пред спиење, да ви раскаже што му се случувало тој ден.

– Бидете разиграни со своето дете барем еднаш дневно (криенка, скокоткање, танцување).

– Пронајдете и пофалете нешто добро што вашето дете го направило најмалку трипати во текот на денот. Оптимално би било на секои пет пофалби да дојде и по една критика.

– Заедно слушајте релаксирачка музика.

– Одете заедно во прошетка секој ден.

– Вечерајте заедно.

– Читајте му барем трипати во текот на денот. Нека ви седне во скутот или покрај вас, да се гали.

– Дајте му на детето улога, задача, начин секој ден со нешто да придонесе (без разлика дали е тоа редење на чорапите, поставување на масата, фрлање на ѓубрето или нешто трето).

Автор: Ерин Лејба



912

X