Воспитување

10 чекори за мотивирање на вашето дете

Некои деца се повеќе мотивирани, некои помалку. Исто како и возрасните. Дури можеме да кажеме дека денешните деца се многу помалку мотивирани од генерацијата на денешните родители, особено постарите. Можеби тоа е така затоа што родителите порано не се обидувале да ги мотивираат своите деца, туку имале сосема различни методи.

На некои луѓе им треба малку притисок, малку охрабрување, понекогаш малку повеќе за да одат во потребната насока – не само затоа што ние мислиме дека така треба, туку затоа што знаеме дека тоа е добро за нив. Сепак, треба да имате граница и да не ги притискате премногу бидејќи преголемото туркање и преголемата мотивација понекогаш дури може да бидат причина за нивно откажување или спротивставување, нешто што воопшто не го сакаме. Најдобро е да бидете нежни и да не посегнувате премногу кон систем на наградување, а особено не кон казнување – и да ја негувате и поттикнувате внатрешната мотивација на детето.

Ако сакате да знаете како да го мотивирате вашето дете, следете ги овие 10 чекори:

Поставете цели

Децата сами нека си ги постават целите. Направете листа со краткорочни цели и листа со долгорочни цели заедно. Поминете низ списокот и видете дали овие цели се остварливи и утврдете дали бараат напор за да се постигнат. И дефинитивно помогнете му на детето да ги избере вистинските цели.

Направете план

За да ги постигнете целите, потребен ви е план. Помогнете му на вашето дете да смисли стратегија за да ги постигне своите цели. Направете „чекор-по-чекор“ план за да ги реализирате.

Нека има конкуренција

Поттикнете здрава конкуренција. Нека има и меѓу вас натпревар во позитивност и сила, а никогаш во негативност и слабост кон друг конкурент. Дали вашето дете бега од конкуренцијата?

Покажете интерес

Дознајте повеќе за интересите на вашето дете. Разговарајте со вашето дете за нив и слушајте го. Ова ќе му покаже дека се грижите и дека може слободно да разговара со вас за тоа во што ужива.

Прославете ги достигнувањата

Кога вашето дете ќе ги постигне своите цели, дајте му до знаење дека се гордеете со него. Прославете ги овие успеси заедно. Наградете ги вашите деца за нивната напорна работа. Но, секогаш запомнете дека чувството на достигнување е најдобрата награда.

Откријте ја страста

Охрабрете го детето да открие што го интересира. Можеби ова нема да функционира веднаш, можеби ќе треба малку напор. Поддржете го вашето дете на патот кон она што е негова страст и охрабрете го да продолжи додека не дознае за што се работи.

Охрабрувајте

Дајте му до знаење на детето дека верувате во него. Кажете му дека ќе биде одлично. Отфрлете го секој сомнеж што го има во себе или пак стравовите.

Задржете ја позитивната мисла

Имајте позитивен и оптимистичен поглед кон своите деца. Ако видат страв или сомнеж во вашите очи, веројатно лесно ќе ја изгубат самодовербата. Вашиот позитивен пристап ќе го разубави нивниот поглед за себе и за нивните успеси.

Истакнете го притисокот од врсниците

Повремено и во мали дози, притисокот од врсниците не е лоша работа. Ова може да го поттикне детето да се труди повеќе во училиште или во спортот, затоа што сака да биде во чекор со своите пријатели. Сепак, погрижете се стресот поради притисокот од врсниците да не стане преголем.

Поттикнете возбуда

Охрабрете го вашето дете да се возбудува за своите цели и амбиции. Покажете дека сте и вие возбудени за него. Позитивната енергија и адреналинот ќе го поттикнат детето да продолжи да работи напорно и да биде задоволно од вложениот труд.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top