Децата природно развиваат исти здравствени навики како нивните родители. Еве неколку корисни совети како сите членови на вашето семејство да бидат среќни, здрави и задоволни…

Ако сакате децата да пораснат во здрави и среќни луѓе, најдобро е да бидете вистински пример. Еве неколку совети како да го постигнете тоа:

1. Бидете добар пример

На децата можете со пример да им укажете дека неактивниот начин на живот не е добар. Активирајте се, поминувајте помалку време пред телевизор и намалете го внесот на нездрава храна.

2. Јадете сите заедно

И покрај пополнетиот распоред, би требало да најдете време за секојдневни заеднички оброци.

3. Физичкото вежбање нека ви стане семејна активност

Вашите деца сигурно ќе сакаат да вежбаат ако и вие вежбате, особено ако вежбањето го претворите во забавна семејна активност.

4. Ограничете го времето за ТВ и компјутер

И возрасните и децата премногу време поминуваат пред телевизор или компјутер. Тоа може да доведе до вишок килограми и други проблеми предизвикани од неактивниот начин на живот.

5. Научете ги децата да готват

Освен заедничките оброци, друг начин како да поминете квалитетно заедничко време со своите деца е да ги вклучите во подготвувањето на оброците. Заедно одете по набавки во продавница, објаснете им зошто избирате одредени видови продукти и слично. Нека учествуваат во секој чекор од подготвувањето храна, од набавка до послужување.

6. Не наградувајте ги децата со храна

Иако е многу едноставно да ги наградите децата така што ќе им купите сладолед или колач, пронајдете друг начин за мотивација. Одведете ги на кино, на претстава, на омилениот спортски терен или дозволете им на нивните пријатели да преспијат кај вас.

7. И брзата храна нека ви биде забава

Не можеме да избегнеме брза храна, но сепак можеме да избереме колку-толку поздрави опции.

8. На масата чувајте овошје наместо колачи

Јагоди, цреши, вишни, суво овошје… Постојат многу опции, а сигурно постојат видови овошја што ќе му се допаднат и на вашето дете. Не клукајте го со нездрава храна и со онаа што не ја сака, туку пронајдете здрави верзии на она што му се допаѓа.

9. Научете го детето да води сметка за порциите

Многу деца мислат дека поголемото е подобро. Објаснете му какви се нормалните големини на порциите и научете го правилно да го користи приборот за јадење.

10. Ако вашето дете има проблем со тежината, не игнорирајте го

Најлошо што може да направите е да го обвинувате детето дека постојано јаде или слично. Наместо тоа, закажете состанок со нутриционист, кој ќе ви објасни како да се храните здраво.



912

X