Кој не ги сака познатите личности што ја користат нивната слава и богатство за да им помогнат на оние на кои им е потребна помош? Од одржување хуманитарни настани до градење фондации – сите нивни добри дела заслужуваат признание. Еден од овие луѓе е Гери Синиз, актер и музичар кој веројатно го познавате од филмовите „Форест Гамп“, „Зелената милја“ и „Аполо 13“. Но, тој е познат и по неговата филантропска работа.

Фото: garysinisefoundation.org

Тој работи напорно за да им оддаде почит и да им помогне на американските воени ветерани. Тој ја основал неговата фондација наречена „Гери Синиз“, која им служи на потребите на ветераните, бранителите, нивните семејства и заедниците.

– Иако никогаш не можеме да сториме доволно за да им покажеме благодарност на бранителите на нашата нација, секогаш мораме да сториме нешто повеќе – изјави во една пригода Синиз.

Фото: garysinisefoundation.org

Една од програмите што ја има фондацијата е наречена „Сноубол експрес“. Програмата била лансирана во 2017 година, а нејзината цел е да им оддаде почит на паднатите американски војници така што ќе им овозможи незаборавно искуство на нивните деца, носејќи ги на магични места како што е „Дизниленд“. Досега над 1.750 деца го посетиле „Дизниленд“ благодарение на фондацијата на Синиз.

Фото: garysinisefoundation.org

– Најважното нешто за „Сноубол експрес“ е дека овие деца не се чувствуваат сами – изјави Синиз за Си-би-ес.

Извор



912

X