градинка однесување Прашај психолог

Ќерка ми е опседната со другарка од градинка. Само за неа зборува, сѐ ја слуша и кога ќе ја види, станува агресивна кон другите деца…

ПРАШАЊЕ: Имам ќерка која наскоро ќе полни четири години. Многу е поврзана со едно девојче од градинка и постојано зборува за неа, кога ја земам од градинка, навечер пред спиење, за викенд… Дојде момент кога ми рече дека нема да носи фустан оти тоа девојче ѝ рекло така, нема да јаде одредена храна оти девојчето така ѝ рекло и ред други работи. Работата дојде до степен на опсесивност, воопшто не нѐ слуша со сопругот, само за тоа девојче зборува и крај. Се дружиме надвор од градинка со многу деца, но штом ќе ја види неа, ги игнорира и е агресивна со нив. Разговарав со мајката на девојчето за целата ситуација и таа ми се смееше зашто ќерка ѝ била доминантна и управувала со моето дете.

Пробав и со награди и казни, преку игра, со карање, но нема никаков ефект… Не знам веќе што да направам, буквално е опседната со девојчето и ништо друго не ја интересира.


ОДГОВОР: Драга мајка, кај децата во оваа возраст почнуваат да се градат први силни социјални врски, често избираат омилено другарче и учат преку имитација од него бидејќи имаат потреба од припаѓање и сигурност во социјална група. Секако, тоа не значи дека не треба да се прави разлика помеѓу нормална приврзаност или нешто што укажува на проблем. Вашиот исказ укажува на тоа дека детето го менува однесувањето во присуство на тоа другарче, дозволува да биде контролирано и губи сопствена иницијатива, што е доволна причина за да направите родителско советување на кое ќе дојдете до адресирање на причината за однесувањето и што стои зад сето тоа.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

To top