Здравје

Зошто трудниците треба да јадат јајца и сланина?

Истражување спроведено од научници од Универзитетот во Северна Каролина посочува дека состојките во производите од свинско месо и јајцата помагаат во развојот на мозокот на нероденото бебе.

Микронутритиентот холин е од витално значење за развојот на хипокампусот, делот од мозокот поврзан со меморијата. Ова го покажало истражување спроведено на младенчиња глувци чии мајки добивале повеќе или помалку од оваа состојка.

Д-р Џералд Вајсман, главен уредник на Федерацијата на американските здруженија за експериментална биологија, која ја објави студијата, изјавил: „Можеби мислиме дека никогаш нема да можеме да кажеме дека сланината е здрава храна, но слични истражувања веќе нè тераат повторно да размислиме која храна е здрава, а која нездрава.“

Во групата на храна богата со холин спаѓаат црниот дроб, млекото, пилешкото месо и јаткастите плодови. Претходни истражувања покажаа дека повисоките дози на холин штитат од срцеви заболувања.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top