Колку и да е прекрасно, не можеме да негираме дека родителството знае да биде и многу стресно, без разлика дали имате едно, две или четири деца.
Многу истражувања покажале дека три деца е најстресниот број за мајките, додека со секое следно станува полесно.
Истражувањето спроведено од „Тудеј“ покажало дека мајките на четири или повеќе деца пријавиле пониско ниво на стрес од мајките на три деца, но важно е да се знае дека тие, исто така, треба да прескокнат многу пречки за да стигнат дотаму. Резултатите од истражувањето потврдуваат дека мајките на три деца се под поголем стрес од мајките на само едно или две деца, но по четвртото дете сè станува поедноставно.
Мајките учат да се справат со стресот
Зошто е така? Иако самата помисла дека мајката на четири деца е поопуштена од мајката на три деца звучи малку нереално, експертите имаат едноставно објаснување. Тие го нагласуваат фактот дека мајките со повеќе деца учат подобро да се справат со стресот и ги оставаат работите да течат по свој тек.
Ова не е новост за психотерапевтот Кели Китли, која е самохрана мајка на четири деца. Таа смета дека мајките во големите семејства често неправедно се доживуваат како жени под стрес, но не се.
– Многу жени што имаат повеќе деца се соочуваат со предрасуди. Иако имаат многу деца, тие се охрабруваат едно со друго, се држат заедно и им помагаат на родителите. Повеќе од три деца не значи дека не е тешко, секогаш има многу за перење, но без оглед на тоа, многу е забавно – објаснува Китли, чии деца се на возраст од 11, 9, 7 и 5 години. Според неа, многудетните семејства значат дека стресот се намалува со тимска работа и силна врска меѓу браќата и сестрите.
912