Многумина во текот на посетите на родителите, бабите, тетките, одненадеж добиваат желба за консумирање на храната што ја јаделе во детството. Не се сигурни дали таа храна ќе биде правилен избор, хранливо и калориски, пишува Хрвојка Бекер, нутриционист.

Предизвиците со кои се среќаваме во текот на консумацијата на храна влијаат врз состојбата на нашето тело, нашето здравје и телесната маса, а лесно може да послужат и како огледало во нашиот внатрешен свет. Неретко предизвиците се продолжуваат по пат на избор на одредена телесна вежба, диететски режим кој на крајот многу често не ги дава посакуваните резултати. Тогаш се прашуваме во што грешиме. Токму предизвиците во текот на консумацијата на храната може причинско-последично да нè доведат до оние места каде што примарно треба да се случи вистинско „оздравување“ – незадоволство во врска, болно минато, злоупотреба, неисполнети животни желби и цели, недостиг на емотивна поврзаност на начин како што сакаме, потреба во животот да заземеме место кое сметаме дека го заслужуваме, дека има одредена цел итн. Така, храната и тоа како може да стане фактор на „решавање“ на животните предизвици кога не сме во можност да се соочиме со вистината на начин на кој ќе се отвориме кон себе, а потоа со внатрешна сила и кон својата околина.

Меѓутоа, нашиот однос кон храната може конечно да еволуира и да биде доживеан кон стапка на внатрешно самоспознание, како „желба за поддршка“ која се јавува кога телото интуитивно посакува храна која го подобрува процесот на оздравување, а истовремено ја исполнува потребата за уживање, со што се влијае врз емотивната компонента што влијанието на храната секако го има врз нас. Наведувам два примери како храната што ја внесуваме предизвикува различни емоции кај нас.

Што ни прави парче торта?

Многумина во текот на посетите на родителите, бабите, тетките, одненадеж добиваат желба за консумирање на храната што ја јаделе во детството. Не се сигурни дали таа храна ќе биде правилен избор, во хранлива и калориска смисла. Истражувањата на полето на психологијата на хранење покажале дека препуштањето на вкусно парче чоколадна торта од баба (доколку не се претера со количината), може да има речиси исцелително влијание врз нашата душа, бидејќи така се потсетуваме на пријатните моменти од нашето минато. Станува збор за тоа дека биологијата и носталгијата во комбинација даваат вкусен и речиси мистичен меѓуоброк кој со правилно освестување, сепак, ќе остане само на ниво на краткотраен излет.

Јадење доцна и метаболизмот

Длабокиот сон од 8 часа придонесува за здравствена, но и социјална корист, на релација поединец-заедница, па индиректно помага кога е во прашање природната регулација на апетитот и здравјето на нашиот метаболизам, покажале невролошките истражувања спроведени во таканаречените лаборатории за спиење.

Но, кога јадеме доцна, непосредно пред одење на спиење, многу е веројатно дека го губиме она добро дејство што  ни го дава сонот. Додека во текот на ноќта телото метаболички се префрла на таканаречено одржување, детоксикација, поправање и раст на ткивата и органите, црниот дроб – нашиот примарен орган за детоксикација го врши поголемиот дел од својата работа во вечерните и раните утрински часови. Меѓутоа, овој метаболички ритам може да биде нарушен доколку сме се одлучиле доцна и обилно да вечераме. Тогаш поголемиот дел од метаболичката енергија што инаку се троши на детоксикација, одржување, поправање и раст, ќе се насочи и ќе се троши на разработка на доцниот вечерен оброк.

Во текот на ноќта метаболизмот на лицето што доцна вечерало ќе биде насочен кон варење на храната, што е проследено и од зголемен проток на крвта низ дигестивните органи. Имено, поради обилниот оброк, на дигестивниот систем му е потребна повеќе крв за завршување на своите функции, па од таа причина крвните вени на дигестивниот систем се прошируваат и се зголемува протокот на крв во цревата. Најверојатно тогаш ќе се разбудите со чувство на тежина, бидејќи телото не се одморило во целост и не се „исчистило“. Обидете се да одите што порано на спиење наместо да седите пред фрижидерот, уживајте во добриот сон, па наутро почнете го денот со богати хранливи намирници. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

Храната може да нè поврзе, да ни помогне да се сетиме и да се смириме на највкусен и најсладок можен начин. Но, доколку често пристапуваме кон решавање на своите проблеми на тој начин што се тешиме со храна, на долг рок тоа ќе предизвика повеќе болка и страдање од самото моментално задоволство. Да не заборавиме да се освестиме дека нашите желби се и гласници на нашите потреби, па кога ќе бидеме подготвени да се истражуваме себеси, тогаш и нашиот однос со храната станува помалку борба, а повеќе патување.

Автор: Хрвојка Бекер

Извор



912

X