„Драга моја, принцезо, знам дека еден ден ќе ти се скрши срцето, но исто така знам дека ќе го промениш овој свет. Знам дека сакаш да се видиш себеси во мене, но жал ми е што си толку слична на мене.

Жал ми е што ти дадов срце посилно од илјада војници, но ќе ти требаат години да научиш дека не сакаат сите како тебе. Тоа се тешки лекции, а лузните на тебе ќе блескаат, бидејќи никогаш не се откажуваш од она што навистина го сакаш.

Постојат моменти кога те гледам во овој преубав свет и гледам како те маѓепсува едноставниот сјај на животот.

Ја гледам твојата невиност и желбата да им помогнеш на другите и се прашувам кога првпат ќе почувствуваш нешто лошо. Се прашувам дали твојата вера ќе биде тестирана во светот или твојата великодушност ќе ја имаат само оние што знаат како да ја примат и ценат.

Жал ми е што во сите го гледаш само доброто. Шармот на детството е да гледаш сè со изненадување. Гледаш околу себе, а околу скриените агли нема зло, нема опасност. Незамисливо е дека за најголемите болки што некогаш ќе ги почувствуваш ќе бидат заслужни оние што најмногу ги сакаш. Би сакала моите лекции да можам да ти ги всадам во срцето, но знам дека мора сама да научиш. Можам да поминам денови со тебе кажувајќи ти ги вистините на животот, но на крајот, моите искуства нема да бидат твои.

Жал ми е што сè доживуваш толку длабоко како и јас.

Во твојата душа има пештери што одвај чекаат да почувствуваат што сè нуди овој живот. Гледам дека сочувствуваш со непознатите и понекогаш застануваш и ме гледаш како да сум закачила ѕвезда на небото.

Гледам колку си полна со желбата да го почувствуваш светот околу себе, целата болка во срцето и страста што тој може да ја даде. Можеби ќе има моменти кога ќе посакаш да не е така, иако ми е жал што ти ја дадов оваа доблест, со текот на времето се надевам дека тоа ќе го видиш како подарок, а не како товар.

Многу родители се радуваат кога нивните деца ги покажуваат истите квалитети како нив, но јас тајно ти испраќам слатки извинувања, бидејќи иако знам дека ќе добиеш сила со овие атрибути, знам и дека болката може да те расцепи на два дела. И така, иако ми е жал што си толку слична на мене, јас не можам да бидам погорда на тебе. Го гледам начинот на кој им простуваш на сите околу тебе и како веќе научи да држиш до себе и до своите потреби. Гледам дека си попаметна отколку што бев јас, поснаодлива и нема сомнеж дека еден ден ќе научиш како да ги користиш своите крилја. Иако можеби не сум совршена, јас сум мајката што токму тебе ти треба.

Можеби ти ги дадов моето џиновско срце и чувствителната душа, но ти ја давам и мојата сила, па во најтемните ноќи ќе знаеш дека можеш да поминеш сè што ти носи животот. А јас секогаш ќе бидам тука.

Ти си мојата мала воинствена принцеза, мојата самовила, а најмногу моето срце. Знам дека еден ден ќе ти се скрши срцето, но исто така знам дека ќе го промениш овој свет. Имаш дарба да ја осветлиш личноста со тоа што си и само се надевам дека ниту една средба нема да го промени тоа. Како што старееш, така светот ќе почне да ти кажува дека не постои магија. И додека ја тестираш твојата вера, се надевам дека ќе продолжиш да посакуваш ѕвезди што паѓаат и ќе веруваш во сето она што не се гледа на овој свет.

Жал ми е што си толку слична на мене, но само затоа што знам дека светот ќе се обиде да те промени и повремено да те скрши. Моја мала, принцезо, те сакам повеќе отколку што има ѕвезди на небото.

Иако еден ден ќе настојуваш да покажеш колку си поразлична од мене, нема сомнеж, ниту пак некогаш постоела, дека ти си мојот сладок воин, мојата ќерка. И не би можела да бидам погорда на тој факт“.

Извор



912

X