Во видеото можете да ги погледнете детските реакции на популарни специјалитети што луѓето ги јаделе во изминатите сто години. Урнебесните реакции на храната која не ја сакаат ќе ве насмеат до солзи, а, од друга страна, реакциите за специјалитетите што им се допаѓаат исто така ќе ве воодушеват.
1920 – Остриги
Ова јадење било популарно во дваесеттите години од минатиот век, а детските реакции на овој специјалитет биле разновидни – мислеле дека има чуден изглед, а со вкусот не биле задоволни. Тоа јадење не им оставило некаков впечаток на најмладите.
1930 година – Жабји батаци
Жабјите батаци станале толку популарни во триесеттите години, што биле направени водни фарми за да се задоволи зголемената побарувачка. Дали им се допаѓаат и на децата, задолжително погледнете во видеото. Се изненадиле кога чуле што јадат, но вкусот сепак толку им се допаднал што не можеле да престанат да јадат.
1940 година – Коктели со ракчиња
Поради прекумерниот риболов, резервите на ракчиња се намалиле во четириесеттите години на минатиот век и цените се зголемиле, па овој коктел станал еден од најскапите специјалитети. Најмладите не се баш презадоволни со вкусот.
1950 година – Јастог
Јастогот некогаш бил храна за сиромашните. Во еден момент дури бил и храна за затворениците. Јастогот сега е специјалитет кој навистина вреди да се проба. Во педесеттите години добил висока цена и станал луксузна храна. Дури и децата останале без текст поради фантастичниот вкус.
1960 година – Говедско „велингтон“ во сос од тартуфи
Гурмански магазин ги прогласил шеесеттите години од минатиот век за ера на говедското „велингтон“. Таков специјалитет вреди да се проба, но најмладите биле незадоволни, не успеале дури ни добро да го исечат месото. Вкусот на ова говедско месо е различен, но сепак не е нешто што ги воодушевува.
1970 година – Талијатели со тартуфи
Бидејќи седумдесеттите години од минатиот век биле период на експанзија на тартуфите, Америка изгубила милиони обидувајќи се да ги одгледува. Тартуфите се една од најскапите намирници. Кога најмладите виделе дека на менито има паста, на нивната среќа ѝ немало крај, но кога пробале, вкусот на тартуфи целосно ги разочарал.
1980 година – Кавијар и јајца
Кавијарот долго време претставувал луксузна храна, а овој посебен деликатес го направил готвачот Жан Жорж Воргенристен и почнал да го сервира во Њујорк во ресторанот „Лафајет“, во осумдесеттите години од минатиот век.
1990 година – Зачинет „фоа гра“ со сос од цреши и бибер
Во текот на деведесеттите години „фоа гра“ (црн дроб од патка) станало луксузно јадење на врвните ресторани. Кога на децата им било кажано што јадат, едно од девојчињата се шокирало бидејќи мислело дека јаде жабји батаци. Но, ниту ова јадење не оставило некој претеран впечаток врз најмладите.
2000 година – Сендвич со бифтек и сирење
Овој сендвич првпат е направен во ресторан во Филаделфија во 2004 година. Чини 120 долари и содржи црн дроб од патка, тартуфи и бифтек „вагу“, кој се служи со помало шише шампањ. Овој сендвич со својот вкус ги освојува и најпребирливите.
2010 година – Крофни со листови злато
Оваа крофна чини 100 долари и е направена од лесно крцкаво тесто, виолетов џем (убе), кристално желе и златни листови. Децата рекле дека има вкус на злато, како метална текстура. Секако, остава импресивен впечаток и со изгледот и со вкусот.
912