Палентата е прекрасна намирница од која може да се направи сѐ, а помфритот иако звучи чудно – всушност е многу вкусен и здрав и можете да го јадете без ништо друго, но и во комбинација со месо или некој сос.
Потребно е:
- 70 грама палента
- путер
- 3 лажици пармезан
- зачини по желба (сол/оригано/босилек)
- маслиново масло
Подготовка:
Сварете ја палентата на вообичаен начин, а потоа измешајте путер, пармезан и зачини. Наредете ја смесата во плех обложен со хартија за печење, па ставете ја во фрижидер да се излади. Кога ќе биде доволно студена и цврста, исечете ја на стапчиња, посипете ги со маслиново масло и печете ги во загреана рерна на 180 степени.
Совет плус: Во оваа смеса можете да додадете зеленчук, сирење или што мислите вие дека е добра комбинација. Можностите се многубројни, а вкусот загарантиран.