Ирско училиште испрати писмо до родителите во кое се кажува дека на учениците нема да им биде дозволено да користат тоалет за време на часовите. Интегрираниот колеџ „Улидија“ во Ко Антрим, Северна Ирска, ќе им дозволи само на оние со медицинска картичка или дозвола за ослободување да го користат тоалетот за време на часовите, поради проблемите со ковид-19, објави Белфаст Лајв.

За време на ручекот ќе се применува политика за влегување на „едно по едно“ лице во тоалетите. Правилата се стапени во сила бидејќи од училиштето велат дека некои ученици ги злоупотребувале тоалетите. Но, родителите не се импресионирани од строгите правила околу оваа основна човечка потреба.

фото извор: kidspot.com.au

Сиаран Меколи, родител, изјавил за „Би-би-си Радио Улстерс ивнинг екстра“: „Мојот син е 12-та година во училиштето и кога се врати дома минатиот петок, беше прилично загрижен затоа што дознал за е-поштата што била испратена до родителите на учениците. Тоа не му влијае директно на мојот син, но тој едноставно сочувствуваше со проблемите што би можеле да влијаат врз другите ученици. Се пожали дека тоалетите се заклучуваат и дека од учениците и родителите било побарано да достават белешки. Доколку на децата им треба пристап до тоалетите за време на менструален циклус, тие мора да донесат белешка, да се потпише и наставничката и да го означат датумот. Мислам дека тоа е регресивно и доведува до непријатни ситуации за децата“.

Одговор на директорката

„Сан“ објави дека директорот Мајкл Хјустон во изјавата рекол: „Како училиште што ги почитува правата, интегрираниот колеџ Улидија дава целосна поддршка на проектот – Период за достоинство – кој се однесува на пристапноста и достапноста кон основната грижа потребна за време на циклусите, а во однос на отстранување на стигмата и табуата.“

фотоизвор: kidspot.com.au

„Образованието е клучен фактор за разбивање на стигмата околу циклусите и промовирање почит, разбирање и отворени дискусии за тоа што луѓето можат да доживеат. По повторените инциденти на вандализам и прекршување на заштитните мерки за ковид-19 во тоалетите, од кои многу се случија и за време на часовите, некои објекти мораа да бидат затворени, заменети или поправени. Сакаме да им обезбедиме на сите ученици во одредената група пристап до чисти и санитарни јазли, особено во текот на нивниот циклус.“

Тој додал дека правилата се привремени и се релевантни само за оние од таа возрасна група.

Автор: Ванеса Стабс

Извор



912

X