Метју Мисленски, кој е роден со церебрална парализа, уште на седумгодишна возраст знаел дека сака да оди на Универзитетот „Харвард“. Неодамна неговиот долгогодишен сон станал реалност, а неговата реакција на веста ги расплака корисниците на социјалните мрежи.

Во виралното видео со речиси милион прегледи, 17-годишниот Метју и неговата сестра близначка Магдалена седат пред лаптоп и го проверуваат статусот на неговата апликација. Кога одговорот конечно се појави на екранот на компјутерот, воодушевените брат и сестра почнуваат да врескаат и да се гушкаат – „Метју влезе на Харвард!“

Watch on TikTok

„Бев во целосен шок“, изјавил Метју потоа. „Мислам дека тоа беше само еден од најдобрите моменти во мојот живот“.

Извор



912

X