Понекогаш токму најмалечките се оние што ни ја враќаат вербата и нѐ мотивираат да бидеме уште поистрајни и поупорни во животот.
Говорот на ова дете, кое само што го завршило периодот од претшколското образование, е толку инспиративен, што на крајот заслужено добива силен аплауз.
„Како што го трасираме патот во образованието, има неколку дестинации исполнети со знаење, кои треба да ги освоиме. Прво, претшколското образование – тоа го исполнивме. Потоа следува основното образование – кое ќе го совладаме. Потоа следува средното, кое лесно ќе го поминеме и ќе научиме многу. Гледате, пред нас е предизвикот да сонуваме големи соништа и да веруваме во себе. Па сме многу самоуверени дека ќе дојде денот кога ќе ни испратат писмо од Харвард дека сме примени. Ви благодарам“, вели ова инспиративно дете во својот говор.