Воспитување

Видео: Мајка на тројка покажала како реагира секое бебе на храната

Џунипер, Еден и Вилоу ги слават своите родендени на ист ден и тоа е единственото нешто што им е заедничко.

„Тие не можат да бидат поразлични“, вели нивната мајка Џоселин.

За да ја илустрира нивната индивидуалност, Џоселин објавила видео на „Тик-ток“ во кое покажува како реагира секое бебе на храната.

Додека Џунипер по испиено шише млеко уште е гладен и сака повеќе, поради што плаче, Вилоу изгледа задоволно, а Еден изгледа како да се онесвестила.

„Изгледаат како тројца пријатели по ноќно излегување“, е дел од коментарите на виралното видео.

Џоселин изјавила дека Џунипер е најголемиот јадач. Бебињата исто така имаат многу различни модели на спиење. Вилоу е ранобудник, Еден е ноќна птица, додека Џунипер е нешто помеѓу.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top