Игротека

Видео: 80-годишен дедо секој ден ѝ носи ручек на внуката на работа

Љубовта на бабите и дедовците кон нивните внуци може да биде посилна и од онаа на родителите кон децата. Како доказ за тоа сведочи приказната за 80-годишен дедо кој секој ден ѝ носи храна на работа на својата внука.

Џоана е среќната девојка чиј дедо секој ден ѝ носи ручек на работа. Таа споделила видео на социјалната мрежа „Тик-ток“ на кое се гледа како нејзиниот дедо со велосипед пристигнува на нејзиното работно место, со торба в рака во која ја носи храната.

Видеото станало вирално за неколку часа, достигнало повеќе од шест милиони прегледи и илјадници коментари на благодарност и наклонетост од интернет-корисници на кои им недостигаат нивните баби и дедовци.

Во второто видео Џоана споделила малку повеќе за нејзиниот дедо, кој по потекло е од Сонора, Мексико, дека сака да вози велосипед и на 80 години вели дека се чувствува како 22-годишен.

Видеото повторно го привлекло вниманието на корисниците на интернет, кои сметаат дека Џоана веќе победила во овој живот и затоа треба да се чувствува горда и да го сака својот дедо со целото свое срце.

Автор: Лусија Агуадо

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top