На ниво на цела држава, 90,2% успешно следат онлајн-настава, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната работна посета на Општина Прилеп.
– Останатите проценти ја следат наставата преку телевизија, но и преку печатени материјали што им се доставени. Благодарност до националната радио-телевизија поради тоа што овозможи 15-минутни часови да се одвиваат и на телевизија. Како министерство, задоволни сме од моделот на настава што се избра заедно со Владата, а тоа е комбиниран, дел со физичко присуство, дел со онлајн-настава – изјави Царовска.
Во наредниот период следува оценувањето на учениците, а до 20 ноември треба да се утврди и првото тромесечје. Царовска укажа дека и наставниците и учениците ќе имаат поддршка за сите предизвици што ќе се јават.
912