Стресот е природен одговор на телото на согледана закана или животен настан. Иако сите го доживуваме до одреден степен, понекогаш може да ни помогне да се справиме со предизвиците. Меѓутоа, кога стресот станува постојан и ни недостига соодветна поддршка, тој може да стане токсичен и значително да го наруши нашето здравје и функционирање.

Токсичниот стрес е особено опасен за децата бидејќи може да влијае врз нивниот развој и способност да се справат со предизвиците.

Што е токсичен стрес?

Додека сите луѓе доживуваат стрес, децата не се справуваат со него на ист начин како возрасните. Кога детето поминува низ стресна ситуација, му треба поддршка од родителите или старателите за да се чувствува безбедно и заштитено. Оваа поддршка помага да се намалат негативните ефекти на стресот врз умот и телото.

Ако детето не ја добие потребната поддршка по стресен настан, тоа може да доведе до развој на токсичен стрес. Токсичниот стрес често се поврзува со негативни искуства од детството, кои вклучуваат:

-физичка, сексуална или емоционална злоупотреба,
-емоционалнo или физичкo занемарување,
-сведок на семејно насилство,
-развод или разделба на родители или старатели,
-живеење во домаќинство каде што некој има проблеми со менталното здравје или злоупотреба на супстанции,
-дискриминација, како што е расизмот,
-сиромаштија или бездомништво,
-смрт на родител или старател.

Секое од овие искуства може да остави длабока трага врз способноста на детето да развие механизми за справување со стресот.

Знаци на токсичен стрес

Постојат неколку знаци кои може да укажуваат на тоа дека детето доживува токсичен стрес:

-постојана вознемиреност или напнатост,
-повлекување, особено кај мали деца,
-самоуништувачко однесување кај тинејџерите,
-чести изливи на гнев,
-мокрење во кревет или кошмари,
-тешкотии при релаксација,
-раздразливост,
-проблеми со спиењето,
-чести главоболки,
-болки во стомакот.

Со препознавање на овие симптоми, родителите можат да реагираат навремено и да ја дадат потребната помош.

Влијанието на токсичниот стрес врз здравјето

Токсичниот стрес може да има сериозни последици врз менталното, емоционалното и физичкото здравје на детето. Истражувањата покажуваат дека траумата доживеана во првите три години од животот го зголемува ризикот од развој на хронични здравствени состојби во зрелоста. Некои од можните здравствени проблеми се:

-бубрежна болест
-дијабетес
-кардиоваскуларни заболувања
-дебелината
-хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ)
-астма.

Покрај физичките последици, токсичниот стрес може негативно да влијае и врз менталното здравје на детето и да го зголеми ризикот од депресија, посттрауматско стресно нарушување (ПТСН), злоупотреба на супстанции и самоубиствени мисли и обиди.

Како да му помогнете на дете што доживува токсичен стрес?

Раната интервенција е клучна за намалување на негативните ефекти од токсичниот стрес. Ако се сомневате дека вашето дете имало негативно искуство во детството, важно е да се консултирате со педијатар или професионалец за ментално здравје.

Покрај тоа, постојат начини на кои родителите можат да обезбедат дополнителна поддршка:

-погрижете се вашето дете да спие доволно секоја вечер во безбедно и удобно опкружување,
-поттикнувајте балансирана исхрана богата со хранливи материи за правилен развој,
-обезбедете најмалку 60 минути физичка активност дневно преку игра или вежбање,
-создајте простор за отворена дискусија за неговите грижи и чувства,
-научете го детето на техники за релаксација, како што се цртање, слушање музика или читање.

Клучот е детето да се чувствува безбедно, сакано и поддржано. Родителите треба да ги препознаат стресните сигнали на своето дете и да му помогнат да се справи со нив на здрав начин.

Автор: Томислав Станиќ

Извор



912

X