Кога станува збор за родителството, не постојат брзи и тешки правила. Секој родител и секој пар мора да создаде свои правила. Но, едно нешто што се издвојува е дека е потребно и двајцата родители да се справат со притисокот што доаѓа со одговорноста за детето. Постојат многу работи што треба да ги научите на ова патување, работи на кои никогаш не сте помислиле во текот на годините без деца. Понекогаш треба да го споделите вашето знаење за децата и токму тоа го направил Тед Гондер, татко на три деца.

На својот фејсбук-профил напишал пост што си го посветил на себе, кога имал 24 години и немал дете, споделувајќи совети за тоа како да биде партнер што ќе дава поддршка.

„Сега имам 29 години и три деца со мојата сопруга Франциска, која ги носеше и ги роди сите како вистински професионалец. Еве што би му кажал на 24-годишниот јас за тоа како треба да се биде партнер од поддршка во процесот на станување родител:

1. Мојата сопруга го носеше бебето во стомакот 9 месеци. Ти ќе го носиш твоето бебе на твојот стомак 9 месеци кога и да имаш шанса. Не само што ќе ѝ помагаш на сопругата да закрепне, туку и ќе градиш посилна врска со твоето дете.

2. Мојата сопруга дои. И додека ова е прекрасна работа што ја исполнува, истовремено е и исцрпувачка. Затоа, ти треба да ја менуваш секоја пелена што можеш. Од пелената број еден, па натаму. За брзо време ќе престане да ти биде грозно. И ќе спречиш каква било нерамнотежа и незадоволство во врската; всушност, кога пријателките на твојата жена се жалат за тоа колку нивните мажи се отсутни и колку не ги поддржуваат, твојата ќе те фали тебе.

3. Секое утро прави ѝ кафе без кофеин. Дури и ако го остави ладно и ако заборави да го испие бидејќи повторно заспива додека ти работиш или ги носиш децата на училиште. Таа беше будна цела ноќ доејќи го бебето, па помогни ѝ да го почне денот така што ќе се освежи.

4. Кажи ѝ дека е убава и помогни ѝ да го види тоа во моментите кога се чувствува најсамокритично и безнадежно во врска со своето тело. Потсети ја на времињата кога успеваше да постигне многу работи во минатото. Потсети ја дека е суперхерој. Таа буквално ги помести нејзините органи и се здебели 20 килограми за да ти роди бебе, што за тебе е подарок за целиот живот. Помогни ѝ да не гледа на проблемите и да остане фокусирана на позитивната цел.

5. Прифати ги нејзините лудости. Хормоните се луди, и пред и по породувањето. Нема да биде при себе секој ден и понекогаш ќе кажува работи што не би ги кажала ако не се чувствува како да има мамурлак или како да е на стероиди. Запомни дека твоја работа е да ѝ бидеш поддршка во сето ова, така што воздржи се кога нејзиниот јазик е поостар отколку што знаеш. Нормалната состојба ќе се врати и наскоро ќе сакаш таа да ти биде благодарна што си бил воздржан тогаш кога таа не била, а не навреден и разочаран.



912

X