Од утре до 14 септември, „Светот на Биби“ со своите производи ќе се претстави на Саемот на книга. На Саемот првпат ќе бидат претставени најновите производи од издавачот! Покрај „Букварот на Биби“, децата ќе учат македонски и од „Читанката на Биби 1“; ќе го потврдат наученото од училиште преку книгите со активности за 1-во, 2-ро, 3-то и 4-то одделение; ќе можат да научат англиски со првото издание на „Учиме англиски со Нина“ и ќе се нурнат во светот на фантазијата преку најновата сликовница – „Самовилската ливада“. Сите овие производи премиерно ќе бидат претставени на Саемот на книга, на штандот на Биби.

– Среќни сме што конечно можеме да се дружиме со нашите мали читатели. Саемот на книга е место каде што децата се вљубуваат во огромната понуда на книги и ги запознаваат своите омилени автори. „Светот на Биби“ по втор пат се претставува на Саемот, овој пат со многу побогата понуда и зголемена читателска публика. За нашата најслатка публика, подготвивме многу нови изданија кои премиерно ќе бидат претставени. Нашата мисија е преку ликовите во анимираниот серијал да ги „натераме“ децата да се вљубат во книгата и учењето. Биби, нашата главна хероина, обожава да чита и да учи, а Боби постојано бара нови предизвици и задачи за решавање. Логично е и нивните другарчиња, нашата публика, преку нив да ги засакаат читањето, учењето и училиштето. „Светот на Биби“ останува сојузник на родителите во правилниот развој на децата и во процесот на едукација и растење – велат од „Светот на Биби“.

Омилените ликови на децата ќе бидат присутни и преку добро познатите сказни од „Светот на Биби“, наградуваната „Приказните за добра ноќ на мама Ана“ и нејзиното второ продолжение, како и сликовниците за најмалите.

Ние заедно со нашите деца, внучиња и другарчиња сигурно ќе го посетиме штандот на Биби и ќе се нурнеме во нејзиниот свет. А вие?



912

X