Здравје

Студија: Децата што живеат со домашни миленици се помалку склони кон алергии на храна

Една неодамнешна студија објавена во списанието „PLOS One“ открила дека изложеноста на децата на мачки и кучиња додека се во утробата на мајката или само неколку месеци по нивното раѓање е поврзана со 14 отсто помал ризик од развој на алергии подоцна во животот.

Најголемата придобивка е забележана кај децата што живееле со кучиња, кои биле чувани дома, како и во семејства кои имале домашни миленици за време на развојот на фетусот и раното детство.

„Постои хипотеза дека изложувањето на животински првут порано во животот ги прави децата помалку склони кон алергии“, истакнала д-р Каролин Квијат од болницата „Маунт Синај“.

Поседувањето куче за време на раниот детски развој е поврзано со помал ризик од развој на алергии на млеко, јајца и јаткасти плодови, според новата студија. Од друга страна, чувањето мачка ги намалува алергиите на пченица, јајца и соја. Не била пронајдена силна поврзаност помеѓу алергиите на храна и имањето птици и желки како домашни миленици.

Сепак, резултатите треба да се земат со резерва бидејќи ова е набљудувачка студија. Дијагнозата на алергии на храна се базирала целосно на прашалник пополнет од родителите, наместо на резултатите од медицинските тестови. Според Квијат, раното воведување на високоалергенска храна кај децата во голема мера ќе ги намали шансите за развој на алергии на храна подоцна во животот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top