Здравје

Стресот во детството може да доведе до АДХД

Синдромот на недостиг на внимание и хиперактивност (АДХД) може да биде предизвикан од стрес доживеан во текот на детството, тврди водечки експерт за родителство.

Според Стив Бидулф, психолог, едукатор и автор на бестселерот „Подигнете ги младите“, новото истражување покажува дека стресот дома и родителите што не ги задоволуваат потребите на децата доволно рано може да играат улога во развојот на АДХД.

Порано се сметаше дека нарушувањето во однесувањето – обично карактеризирано со невнимание, хиперактивност и импулсивност – е предизвикано од генетиката и хемиските нерамнотежи во мозокот. Но, во новата, ажурирана верзија Бидулф ги нагласува новите истражувања кои укажуваат дека детскиот стрес игра улога во развојот на АДХД.
Најчесто на момчињата им е дијагностициран АДХД, обично на возраст помеѓу 6 и 12 години. И девојчињата страдаат од АДХД, но симптомите се потешки за откривање – девојчињата со АДХД почесто „мечтаат“ отколку што предизвикуваат проблеми.

Симптомите се подобруваат како што децата стареат, но некои луѓе и понатаму имаат проблеми во животот. Бидулф вели дека некои случаи на АДХД всушност можат да се наречат ДДД („Dad Deficit Disorder“), нарушување поради недостиг на таткото.

Авторот тврди дека е важно татковците да бидат вклучени во животот на нивните синови и да ги научат на самоконтрола.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top