Здравје

Несвесно му ја префрлив анксиозноста на моето дете…

Се разбудив во болница.

Последното нешто на што се сеќавам беше големата сцена на која требаше да се одржува училишната претстава. Бев деветто одделение и пред неколку дена пристигнав во САД, мојот нов дом. Бев нервозна. Набрзо потоа ми се стемни.

Се онесвестив. Првото прашање што ми го постави лекарот беше дали имам јадено. Реков дека појадував. Излажав. По пристигнувањето во САД станав анксиозна. Се грижев за сè, а најмногу за безбедноста на моето семејство. Обземена од стрес, заборавив да јадам.
Додека се наоѓав во болницата, сите ме прашуваа дали пијам лекови и дали сум се онесвесувала претходно.

Сите ме прашуваа што не е во ред со мене, никој не се обиде да ме праша што ми се имаше случено.

Анксиозноста продолжи да ме следи во средно училиште, а подоцна и на факултет. За жал, несвесно ја префрлив и на ќерка ми преку постојана грижа за неа.
За среќа, една случка со пациентот во мојата клиника го смени начинот на кој ја практикувам медицината, а исто така и животот.

Децата што ги лекувам често имаат проблеми со концентрацијата во училиште и дома, а симптомите можат да бидат многу стресни и за родителите и за наставниците. Едното дете ми има кажано дека неговиот татко го има напуштено пред шест месеци и оттогаш имал тешкотии да се сконцентрира на училиштето. Оттогаш користам една нова и различна техника на лекување. Не го прашувам детето што не е во ред со него, туку што му се има случено.

Сето ова ме наведе повторно да размислувам за својата анксиозност. Ја напуштив мојата татковина поради војна и се преселив во САД. Бев одвоена од моите родители одреден период и се грижев за нивната безбедност. Додека патувавме под облакот на несигурноста, малото дете во мене го гледаше светот како несигурно и хаотично место. Набрзо потоа, се соочив со анксиозност. За жал, никој од лекарите не го забележа тоа.

Во 1998 година, во една статија објавена од Центарот за контрола на болести и превенција пишува дека постојат околу 17.000 возрасни што преживеале сексуална, физичка, емотивна или психичка траума во детството.

Кога детето ќе си го повреди коленото, сите брзаме да му помогнеме. Но кога станува збор за емотивна рана, доколку не се лекува, може да прерасне во лузна многу брзо. А овие лузни остануваат да го следат детето целиот живот.

Пишува: Смита Малхотра, мајка, педијатар и писател

Поврзани написи

To top