Неколку секунди спонтана љубов, насмевка, поглед, допир, ќе направат многу повеќе отколку неколку часа планирана заедничка активност
Еден од оние денови: децата трчаат низ куќата и врескаат, дневната е хаос. Нервите ви попуштија. Тоа е нешто што доаѓа во пакет со мајчинството. Кој вели дека никогаш не го изгубил трпението, не ја кажува вистината.
И што да се прави кога ќе осамне еден ваков ден? Има два избора: да се препуштите и да се молите денот што побрзо да заврши или да го смените текот на денот за 5 секунди.
Проблемот е во тоа што сите мислиме дека да се биде подобра мајка, значи постојано ангажирање и бдеење над децата. Но…
Еве во што е тајната. Малите работи најмногу значат. Денот на мајката е преполн со обврски и списокот на задачи што треба да ги изврши е предолг. Но, да се биде мајка не е наука. Кога ќе почувствувате дека не можете повеќе, дека ќе експлодирате, треба да направите една од следниве работи:
1. Почнете игра со скокоткање.
2. Речете му на детето: „Ми се допадна како го направи тоа“.
3. Играјте во автомобилот додека чекате зелено светло.
4. Смислите само ваш, таен поздрав.
5. Тркајте се до најблиското дрво.
6. Гушнете се.
7. Со рацете правете сенки на ѕидот.
8. Изненадете го своето дете со топла чоколада или со омилените колачиња.
9. Имитирајте ги животните.
10. Набљудувајте ги мравките како вредно работат.
11. Скокајте во вирчиња, заедно.
12. Гледајте го детето в очи кога му зборувате.
13. Играјте „На буква, на буква“.
14. Помогнете му на детето да одбере која книга да ја чита.
15. Заедно скокајте на креветот.
16. Чешкајте го детето по грбот.
17. Научете да ја свиркате неговата омилена песна.
18. Кажете му виц.
19. Кажете му: „Те сакам“.
Овој список може да го залепите на фрижидерот за да ви биде при рака во моментите кога нервите ќе ви попуштат. Верувајте, многу помага!