Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, беше прекината од нејзината тригодишна ќерка во текот на обраќањето во живо на „Фејсбук“, а на интернет брзо се рашири снимката од нејзината реакција.

Во текот на разговорот премиерката зборуваше за новите мерки за коронавирусот, а на сред разговор ја прекина нејзината ќерка, која се разбуди. Гледачите можеа да го слушнат девојчето како ѝ вели „мама“ на премиерката.

– Треба да си в кревет. Време е да си легнеш, мила, легни си, ќе дојдам кај тебе за секунда – ѝ рекла премиерката на нејзината ќерка.

Потоа им се извини на гледачите.

– Ова одење в кревет и не беше баш многу успешно, нели? – вели Ардерн на снимката.

Нејзината ќерка подоцна повторно се појави принудувајќи ја премиерката да го заврши излагањето.

– Жал ми е, мила, што трае толку долго – ѝ вели премиерката на ќерка си.

Извор



912

X