Образование

Прием на првачиња во училница под ведро небо во „Коле Неделковски“ во Скопје

Во Основното училиште „Коле Неделковски“ во Општина Центар денеска беше организиран прием на првачиња. Невообичаено за овој ден, наместо внатре, тие седеа на столчиња во клупи надвор од училишната зграда, а нивните родители стоеја отстрана.

Директорката Светлана Масларевска вели дека првиот училиштен ден за првачињата се одбележува сега за да има простор да се запознаат родителите и децата со наставниците, со цел да не им биде стресно на првачињата кога родителите ќе треба да ги остават во училиште и нема да смеат да влезат со нив во училницата на 1 октомври, бидејќи така налага протоколот.


Ви посакуваме успех, драги првачиња!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top