Наставничка и целото одделение се присутни и нивните ликови се гледаат на мониторот. Секој ученик има име и презиме, кои прегледно се гледаат од десната страна. Наставничката го води часот по информатика, посветен на дигитален отпечаток. Таа поставува прашања, еден по еден се вклучуваат и одговараат. Полека се развива дискусија…
Вака ќе изгледа еден час на единствената национална платформа за учење од далечина која тукушто беше претставена на прес-конференцијата во Владата, која ја водеа премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска.
По воведните зборови беше презентирано како ќе изгледа еден час. Наставничката во живо, во реално време го води часот со учениците. Сите се присутни и се гледаат на мониторот. Евидентирано е кој е присутен на часот. Во моментот на комуникација со друга боја се означуваат имињата на оние што активно зборуваат.
Одделението симулираше решавање на краток квиз. Наставичката замоли една ученичка да го отвори квизот и да ги поставува прашањата кои ги одговараа различни ученици. Потоа ги гледаа одговорите сублимирани. Наставничката им даде домашна задача и рок од една недела да ја изработат. Со датум е забележан крајниот рок за доставување на домашните задачи, а на нивна основа се кажа часот за наредната недела.
На овој час учествуваа десетина ученици. Царовска рече дека ова е само пример, платформата поддржува работа и на поголеми одделенија со 30 или 35 ученици.
912